Нови детали за состојбата на Шумахер: Не постои терапија што може да му помогне

Поминаа веќе пет години , откако Мајкл Шумахер настрада додека беше на скијање со неговиот син Мик на француските Алпи.

Легендарниот возач на Формула 1 сеуште се опоравува , а информациите за неговата состојба се сведуваат на шпекулации и детали од анонимни извори. Француски Ле Паризиен објави во понеделникот дека Шумахер е во париска болница на третман со матични клетки и дека не му е прв пат. Подоцна медицинска сестра од болницата во париз навбодно рекла дека се грижи за Шумахер и дека тој е при свест. Денеска свое мислење даде и Матилда леонарди , една од водечките европски стручњаци за оштетувања на мозокот какви што претрпе Шумахер.

„Не постои експериментална терапија со матични клетки што би можела да има позитивен ефект врз пациенти во состојба на минимална свест како Мајкл Шумахер“, рече Леонарди, која е директор на Институтот за неврологија Беста во Милано и член на италијанското здружение на невролози, додавајќи:

„Информациите кои протекоа пред јавноста за поранешниот  возач, даваат само лажна надеж и го доведуваат во заблуда семејството на пациентот“.

Пике не можеше да поверува што одбрани Тер Стаген (ВИДЕО)

Барселона објави интересно видео од тренингот пред репрезентативната пауза што е во тек.

Каталонскиот клуб реши да покаже уште еднаш дека нивниот Марк-Андре тер Стаген е фантастичен голман, па затоа објавија видео од неговата неверојатна одбрана на тренинзите.

Жерард Пике упати удар со главата и се чинеше дека топката сигурно ќе заврши во гол,  кога Тер Стаген со неверојатна интервенција го спаси својот гол.

Оваа одбрана го изненади Пике, кој збунет го погледна голманот на Барселона, за на крајот да се насмее кога Германецот го утеши за промашувањето.

Американски боксер се бори за живот по тежок нокаут (ВИДЕО)

Професионалниот боксер Патрик Деј се бори за живот , откако доживеа тежок нокаут во десетата рунда на мечот против Чарлс Коновел.

Мечот бил на програмата на голем настан на ДАЗН, предводена од Уси и Витсспун, со Ден дури двапати беше во нокдаун пред да се онесвести.

По нокаутот натпреварот беше прекинат , а Деј ја удрил главата силно од подотдодека паѓал. Брзата помош го однела во најблиската болница каде итно бил опериран, и се уште е во индуцирана кома додека лекарите се борат за неговиот живот.

Мане: Не ми требаат Ферари , дијаманти и авиони ако не можам да им помогнам на другите

Садио Мане е еден од најголемите ѕвезди на Ливерпул и играч кој стана идол на многу млади фудбалери во неговиот роден Сенегал.

Покрај тоа што е врвен фудбалер, Мане со години им помага на сиромашните и на немоќните, испраќајќи разни донации, појавувајќи се меѓу „обичните луѓе“ на разни собири и во ниеден момент не се менува иако може да има се што ќе посака.

Најновиот доказ за ова тврдење е сторијата направена од еден од репортерите на неговиот блог, Сиензал Менте, целосно импресиониран од разговорот со Мане. Тој напиша накратко што му кажал Сенегалецот кога разговарале.

„Го прашав како е можно по сè што добил воопшто да не се смени - сите овие милиони, целата таа популарност , а тој ми одговори:„ Што ќе ми се, пријателе, 10 Ферарија, 20 дијамантски часовници или два авиона? Зарем не е поважно ако правам нешто за својот народ? “.

„Гладував, работев на поле, ги преживеав војните, играв бос фудбал, немав образование и други лоши работи, но сега благодарение на фудбалот, можам да му помогнам на мојот народ“, заклучи Мане.

притисни ентер