СДММ : Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат против младите, против иднината во ЕУ и НАТО

Младите се за НАТО и ЕУ, сигурна иднина и отворени можности, рече на прес конференција, А. Димитриевиќ од СДММ.

Ние младите, не сакаме изолирана држава, заглавена во темно минато, без перспектива.Она што го гледаме е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против интеграција во ЕУ и НАТО.

Со чекорите што ги преземаат сакаат да го загрозат добивањето датум за преговори со ЕУ. Доколку тоа се случи ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат единствените виновници.

На овој начин Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ работат директно против младите, нивната иднина и нивните интереси. 

Мицкоски сака да ги врати младите назад во темното минато, кога тие беа без шанса и изолирани од светот. Мицкоски не сака младите од нашата држава да ги имаат истите услови како нивните врсници од ЕУ.Заради спас на белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да ја жртвува иднината на младите. 

Заради спас на неколку криминалци, Мицкоски е спремен да ги загрози реформите и интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Нема да им успее. Младите, како прогресивна сила во државата тоа нема да го двозволат. Незапирливо продолжуваат кон интеграција во ЕУ и НАТО. Нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат државата и младите назад во темното минато. 

притисни ентер