На ,,Градина” запленета цала нива со марихуана

На граничниот премин ,,Градина“ кон Бугарија , српската полиција запленила рекордно количество марихуана.

На границата кон Бугарија , полицијата запленила тон и пол марихуана и го упасила возачот на камионот. Според МВР на Србија станува збор за досега најголема заплена на марихуана во последната декада.

Марихуаната, тешка 1.480 килограми, била спакувана во вреќи замаскирани како сточна храна во камион управуван од Д.П. (44), а министерот за полиција Небојша Стефановиќ изјави дека станува збор за „една од најголемите заплени во последните десет години“.

Министерот ги охрабри полицајците „да продолжат со работењето“ и да се справат на трговијата со дрога уште посилно до крајот на годината.

На уапсениот, чија националност не е наведена, од страна на полицијата му е одреден 48-часовен притвор, проследен со кривична пријава во обвинителството во Пирот.

притисни ентер