Во Токио заврна снег на 25 степени (ВИДЕО)

Во Токио денеска беа измерени 25 степени , па сепак снег паѓаше во правилни навеви за време на натпреварот на кануа.

Не станува збор за чудно време , туку за тестирање на последната иновација на организаторот на Олимписките игри што следната година ќе се одржат во Токио. Со оглед на фактот што органзиаторите очекуваат температурата за време на одржувањето на игрите да изнесува над 30 степени ,тие испробуваат секакви методи за разладување на публиката.

Околу 300 килограми вештачки снег беа расфрлани низ трибините на Sea Forest Waterway. Целта беше да се види дали тоа може да ја ублажи топлината и да ја намали влажноста на воздухот.

Во Токио во јули типично температурата изнесува 35 и 80 проценти влажност, што предизвика загриженост дека гледачите ќе настрадаат  од топлотен удар. Sea Forest Waterway ќе биде место за натпревар на олимписките и параолимписките веслачи и кајакари. Половина од 2.000 места на трибините не се покриени затоа што плановите за целосно покривање беа намалени за да се намалат трошоците.

Вчера членовите на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио седеа на трибините за време на петминутниот тест на машината за снег додека траеше натпреварот во кану. Сепак, резултатите не беа охрабрувачки. Температурата пред снегот била 25,1 степени, исто како и после експериментот.

притисни ентер