,,Очајната домаќинка” оди во затвор- не помогнаа ни солзите пред судот (ВИДЕО)

Американската актерка Фелисити Хафман , позната по една од главните улоги во серијата ,,Очајни диомаќинки” е осудена на 14 дена затвор поради плаќање поткуп за упис на ќерка и на елитен факултет.

Фелисити платила 15 000 долари поткуп на лице од компанија специјализирана за подготовка на тестови за приемен испит на факултет на нејзината постара ќерка. Во оваа афера, најголема во поновата историја на САД , десетици богати родители плаќале за нивните деца со слаб успех во средно училиште да бидат примени на елитни факултети.

Добитничката на наградата Еми за „Домаќинки“, која исто така беше номинирана за Оскар за нејзината улога во „Трансамерика“, Хафман беше обвинета меѓу 33 родители во март за учество во измама за да се запишат нивните деца на универзитети како Јеил, Џорџтаун и Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Властите велат дека заговорот бил предводен од поранешниот советник за запишување на Универзитетот во Калифорнија, Вилијам „Рик“, Сингер, кој се изјасни за виновен за организирање измама и давање мито на тренери за да ги персонализира кандидатите како спортисти.

Обвинителите објавија дека 56-годишната Хафман и дала 15.000 долари на фондацијата Сингер за да му помогне на неговиот соработник во 2017 година тајно да ги поправи одговорите на нејзината ќерка на тестирањето.

Актерката е прва oсудена од триесетте обвинети родители во аферата што го погоди американскиот џет сет.

Меѓу нив е актерката Лори Лофлин која глуми во серијалот „Фул хаус“ и голем број истакнати деловни луѓе, финансиери и адвокати.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер