Ауди со нов СУВ , за прв пат светлата се дронови (ВИДЕО)

Суперактивниот концепт носи дизајнерски решенија што ќе се користат на наредните СУВ модели.

Ауди во Франкфурт изненади со свјот најнов СУВ наречен Al:TRAIL quattro, кој сигурно не спаѓа во модели за сериско производство.

Поради тоа, четвртиот модел од семејството Ал претставува спроведување на транспарентни панели за подобра прегледност и скоро целосно стаклен покрив.

Долг 4,15 метри е сличен на Audi Q3, но во исто време, тој е широк 2,15 метри, а подот е 34 см подигнат од основата.

Ова возило нема класични светла, туку користи  беспилотни летала. Тие можат да бидат фиксирани на покривот или возачот може да им дозволи да го следат за да го осветлат теренот.

Се разбира, дроновите го осветлуваат теренот паралелно и ја испраќаат сликата на екранот на паметниот телефон.

Погонот е, се разбира, електричен, со четири електрични мотори кои синергично испорачуваат 435 КС и 1.000 Nm и обезбедуваат исклучителна моќ за маневрирање.

Ауди, исто така, даде опсежна проценка, која се движи од максимум 500 км на асфалт до 250 км на теренот. И да, брзината е ограничена на 130 км на час.

притисни ентер