Хаос во градската болница – Ги натепале сестрите , докторите и обезбедувањето , па се нафрлиле и врз полицијата

Тројца насилници ноќеска околу 3 часот направиле  вистински хаос во старата Градска Болница.

Дошле да побараат помош за повреда на раката, но незадовлни од третманот, прво со навреди, а потоа физички почнае да ги напаѓаат вработените.. Удирале по човекот од обезбедувањето, а не ги поштедиле ниту сестрите и лекарите... Но и тоа не им било одовлно, па кога дошла полицијата да интевенирала, се пресметале и со нив..

Вработените не се потешко повредени, но стравуваат за својот живот и безбедност, вели директорот на болницата Св. Наум Охридски“, Иван Спировски. Вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, додава Спировски.

Од МВР информираат дека за инцидентотприведено е едно лице, 31 годишнен скопјанец, кој бил најагресивен.. Останатите двајца што биле со него се пуштени со прекршочни пријави..

Ова е четврти напад на медицински персонал изминатава недела, откако претходно во Тетово беше претепан лекар до бессознание, а во Кавадарци и скопската населба Драчево беа нападнати медицински сестри. Од Лекарската комора изразија револтираност од секојдневните инциденти во здравствените установи и побараа итна средба со министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Потребна е поголема трпеливост кај луѓето и пациентите, но и поголема заштита од државата и построги санции за насилниците, реагираат од Комората.

ЕПП синоќа на собирот во Загреб донесе резолуција за југоисточна Европа

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собирот во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на југоисточна Европа.

Документот, предложен од хрватската демократска заедница, ги повикува европските институции и земјите-членки да ги почнат преговорите за пристапување со Скопје и тирана што е можно поскоро.

Документот, исто така, повикува да се охрабрат реформите во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, така што тие земји ќе ги исполнат критериумите за влез во Унијата што е можно поскоро.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицковски  кој присуствуваше на собирот  во Загреб се сретна со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Борисов објави видео од почетокот на  средбата

Вучиќ закажа седница на советот за безбедност поради аферата со рускиот шпион

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за  денеска закажа седница на Советот за национална безбедност, поради можната шпионска афера во која наводно се вклучени руски разузнавач и српски агент.

Автентичноста на снимката на која се гледа како Георги Клебај му дава пари на наводен српски агент ја потврди Безбедносно-информативната агенција.

По седницата се очекува да бидат познати повеќе детали за овој случај на кој работат српските безбедносни служби.

Претходно, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, оцени дека, доколку се утврди дека во овој случај навистина станува збор за шпонажа, тоа ќе биде сериозен проблем кој бара сериозна реакција.

Едно лице потешко повредено во сообраќајка во Скопје

  Возач на патничко моторно возило бил тешко повреден во една од вкупно 12 сообраќајни незгоди што се случиле вчера. 

Во седум сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во четири била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници, како и 13 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.

Санкционирани биле и пет возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, осум возачи за неправилно престројување, еден возач за неправилно престигнување, еден возач не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден за не носење заштитен шлем, 20 возачи за не носење сигурносен појас, како и 27 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 108 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак", отстранети биле 71 возило. 

притисни ентер