Можен ли е компромис, продолжуваат разговорите на експертските комисии

По три месеча пауза, жешкото прашање за Гоце Делчев и периодот на средниот век се враќаат на маса пред мешовитата македонско-бугарска комисија.

14-те експерти од двете страни денеска и утре во Софија ќе се обидат да ги остварат оптимистичките очекувања на бугарскиот премиер Борисов, прашањата да се затворат до крајот на месецов. Но, уште не почната средбата, првиот човек на бугарската страна, домаќинот Ангел Димитров, распали по македонските колеги.

Во денешното интервју за бугарското национално радио, екс амбасадорот вели дека македонската страна неправилно го интерпретира минатото, а обвини и дека се повлекла од некои прашања кои го третираат средниот век, а кои се сметале за затворени. Тој даде свое мислење и како треба да се гледа на ликот на Делчев.

-Нашите колеги не можат да бидат индиферентни пред фактите, документите, како и пред неопходноста личноста на Гоце Делчев да ја разгледуваат во контекст на неговото историско време, а не на начин, според кој, тој е прифатен и наложен како симбол подоцна, во време на постоењето на современата македонска држава.

Сигналите што пристигнуваат, особено во последните неколку месеци, покажуваат дека нашите колеги не пројавуваат голема склоност да се разделат од традиционалните тези во толкувањето на минатото, изјави Ангел Димитров

За изјавата на Димитров, Канал 5 се обиде, но не успеа да добие став од претседателот на македонскиот тим на комисијата, Драги Ѓорѓиев. Ова е седма во низа средба на мешовитата комисија, на која покрај Делчев, треба да се усогласат и македонските учебници за седмо и бугарските за шесто одделение, кои го опфаќаат средно-вековниот период.

Досега комисијата договори заеднички чествувања на Св.Кирил и Методиј, Св.Климент, Св.Наум и Цар Самоил, како согласнот за подобрување на учебниците по историја, кои се однесуваат на античкиот период од минатото.

Крмов: Левица се залага за задолжителни домашни полици во маркети и колонијални продавници

На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица.

,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии' со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!", потенцираше Крмов.

,,Левица се залага за воведување на задолжителни домашни полици во сите маркети и колонијални продавници (гранапи), каде што ќе бидат изложени само наши македонски производи, видно одделени од останатата увозна стока", дадава Крмов.

Имајќи ги предвид туристичките капацитети на Берово и природните ресурси за зајакнување на туристичката понуда на недопрената природа во беровскиот регион, Крмов ги потенцираше мерките и проектите од програмата на Левица што на беровчани ќе им донесат поголеми можности за туристичко - економски развој.

,,Во делот на туризмот, Левица се залага за изработка на петгодишна Национална стратегија за поддршка и стратешки развој на македонскиот туризам, со вложување во локална инфраструктура (промоција, пристап, ресторани, сувенирници, организирани посети и тури и сл.). Понатаму - брендирање на името ,Македонија' и промоција на нашата гостопримливост во странски туристички списанија - со организирани роуд-шоуа за големи светски и европски туроператори низ повеќе предели од Македонија, меѓу кои и Берово", вели Крмов.

Според Крмов, Левица има предвидено и стимулации на неколку туристички гранки од национално значење: т.н. зелен, одржлив, т.е. алтернативен еко-туризам (селски / рурален / манастирски), бањски туризам (велнес и спа-центри) и др.

,,Се залагаме за развој на вински и гастрономски туризам преку промоција на традиционалната македонска кујна. Левица се залага и за зголемување на туристичката такса на минимум 1,5 евро, која во моментот е далеку најниска во однос на земјите од регионот (пр. во Македонија таа изнесува само 40 денари; во Србија = 1,53 ЕУР; во Хрватска = 1.59 ЕУР; во Словенија = 3 ЕУР), како наменско користење на средствата од оваа такса исклучиво за развој на туризмот", истакнува пратеникот и Носител на ИЕ3, Борислав Крмов.

Ова се само мал дел од над 1000 мерки и проекти од најважните сфери на општественото живеење предвидени во Изборната програма на Левица.

Нема напредок во разговорите меѓу Хамас и Израел со посредниците во Каиро

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече  палестинскиот претставник.

Водачите на палестинската милитантна група Хамас не успеаја да постигнат напредок на вториот ден од разговорите во Каиро со посредниците од Египет и Катар за примирје со Израел и остануваат на барањето секој договор да вклучува крај на војната во Појасот Газа, соопштија палестинските власти.

Неименуван палестински функционер запознаен со разговорите изјави дека делегација на Хамас пристигнала во Каиро со намера да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Со договорот мора да се стави крај на војната и Израел да биде протеран од Појасот Газа, но Израел сè уште не се обврза дека ќе биде подготвен да го стори тоа“, рече палестинскиот претставник.

Израел сака договор што ќе ослободи барем некои од околу 130-те заложници кои сè уште ги држи Хамас, но израелски официјален претставник вчера истакна дека основната позиција не е променета и дека Израел „под никакви околности“ нема да се согласи на договор за ставање крај на борбите кои ги води со цел да се разоружа и трајно да се уништи Хамас.

Друг палестински функционер потврди дека разговорите се „пред предизвик затоа што Израел одбива да се обврзе на сеопфатно примирје“, но додаде дека делегацијата на Хамас сè уште е во Каиро со надеж дека посредниците би можеле да извршат притисок врз израелската страна да ја промени својата позиција.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

притисни ентер