Од 23 септември „Само Вистина“ повторно на Канал 5

Нова сезона од најгледаната и највлијателна дебатна емисија, од понеделник 23 септември во 18.30 на Канал 5 ТВ!

Во понеделник 23 септември започнува нова сезона од вашата и наша „Само Вистина“.

Видео: Колинда облече боксерски ракавици и тренираше со „UFC“ шампионот

Хрватската претседателкаКолинда Грабар Китарович моментално е на турнеја во САД.

Таа во Њу Јорк ќе учествува на 74. заседание на Генералното собрание на ОН но претходно поседи неколку места во Америка.

Таа беше во Кливленд каде се сретна со „UFC“ шампионот во тешка категорија Стипе Миочиќ, кој има хрватски корени.

Миочиќ ја угостил претседателката во теретаната во која тренира а од неа на поклон добил хрватски дрес со број 10.

Потоа Колинда и Стипе облекле боксерски ракавици и направиле мал тренинг.

Еве и видео од тоа како претседателката боксува:

Паника меѓу патниците, авионот паѓал повеќе од девет километри

Патниците не летот на „Делта еирлајнс“доживеале шок затоа што авионот паѓал повеќе од девет километри.

За време на летот дошло до проблем со притисокот во кабината, соопшти авио компанијата, чиј авион на релација од Атланта до Форт Лодердејл  е пренасочен во Тамп на Флорида каде безбедно слетал.

Маски со кислород искочиле од плафонот на авионот, а потоа следел хаос меѓу патниците, вели еден од патниците за телевизијата „WSB“.

Една од стјуардесите повеќе пати на разгласот ги замолила луѓето да не паничат, но тоа не помогнало.

Се уште не се знае причината за ненадејниот пад на авионот, но леталото е моментално на испитување.

Експлозија во Ирак, осум загинати

Во експлозија на минибус пред шиитскиот свет град Карбале во Ирак загинале осум луѓе, соопштија ирачките власти.

Не се знае дали се работи за терористички напад бидејќи се уште никој не преземал одговорност.

Ирак во 2017-та година прогласи победа над терористичката група исламска држава. Меѓутоа тие се уште имаат борци кои се активираат по потреба.

притисни ентер