Агентот работел во руската амбасада во САД , а потоа и во администрацијата на претседателот Путин. Во 2017 Американците , во страв дека ќе биде откриен , претпоставувајќи дека Русите им се на трагата , го префрлиле агентот заедно со сопругата која работела во руската влада и трите деца преку Црна Гора назад во САД .
Тајниот шпион на ЦИА, според американските и руските медиуми, најверојатно е Олег Смоленков. Тој го имаше статусот „државен советник од трета класа, еквивалент на рангот на генерал мајор.
И сега го следи најинтересниот дел од новата шпионажа сага достоен за Студената Руско-американска воена шпионажа: Виновник за повлекувањето на еден од најкорисните шпиони на ЦИА , кој беше најблиску до Путин не беше никој друг туку претседателот Доналд Трамп.
Имено, во интервјуто со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, тој изгледа дека се пофалил со супер тајни информации, кои ги добил во Лангли од неговиот вреден и сигурен руски крт. Се чини дека Русите малку се изненадиле од тоа како Трамп ја знае оваа информација . Си-Ен-Ен, што го откри сето ова, соопшти дека Трамп во тој разговор им дал некои други доверливи информации на Русите. Трамп и Лавров разговарале во мај 2017 година во Белата куќа, а после тоа, се одвиваше сè како да е во напнат трилери. Имено, во јуни Олег Смоленков со сопругата и трите деца заминува во Црна Гора на одмор. Тоа е местото каде им се губи трагата. Русите не направиле многу врева. Американците молчат. Црногорците можеби немаат поим. Никој јавно, не поставува прашања каде исчезна семејството на еден висок руски службеник, кој имал пристап до бирото на Путин во Кремљ.
На почетокот на септември 2017 година, во Москва се отвора случајот „убиство“ и ништо повеќе.
Според Си-Ен-Ен, агентот испраќал доверливи документи до Американците од папките на Путин. Тој, наводно, испратил информации според кои Путин лично дал наредба да се хакираат информации за време на кампањата на Трамп . Токму оваа информација дојдена директно од тајните документи на Путин ја натера ЦИА да започне истрага за „вмешаноста на Русите во изборите во САД“, која и сега се провлекува зад Трамп и неговата кампања.
Смоленков е со семејството, според НБЦ, сместено недалеку од Вашингтон, во прилично убав замок. Осврнувајќи се на страниците за продажба на домови во Вашингтон Пост, московскиот комесар наведува дека во 2018 година Олег и Антонија Смоленков купиле куќа од 760 метри квадратни на имот од 1,2 акри во градот Стафорд, Вирџинија. за 925 илјади долари. Дури е објавена и фотографија од имотот. Но, тогаш, сè уште не било познато кои се тие мистериозни руски доселеници. Денес нивната куќа е под заштита, а известувачите на НБЦ кои сакаа да ја снимат куќата беа брзо избркани од неколку „горили“.
Секако, портпаролот на ЦИА, Бретањ Брамел, изјави дека информациите на Си-Ен-Ен биле неточни, а „шпекулациите дека Доналд Трамп несовесно ги предал информациите на Русите“, што довело до „спасување на агентот“, не биле точни. Самиот Трамп изјави дека „немал поим“ и дека ЦИА „добро одговорила“. Меѓутоа, Русите тврдат дека сето ова е „лажна вест“ и „американска параноја“. Си-Ен-Ен ја фабрикува параноидната заблуда - изјави извор од руското Министерство за надворешни работи, а членот на парламентарниот комитет за одбрана и безбедност Франк Клинчевич на својот Фејсбук профил напиша дека „Си-Ен-Ен се обидува да го дискредитира американскиот претседател“ и дека „нема теорија дека станува збор за некаков американски информатор во рамките на руското раководство “.
Како и да е, Олег Смоленков работел во близина на Путин, имал пристап до класифицирани информации , „исчезнал“и се појавил во Соединетите држави без притоа да предизвика големо внимание во јавноста.