Десничарски организации и членови на Златна зора на протест во Солун бараат поништување на Договорот од Преспа

„Македонија значи Грција"; „Договорот од Преспа се поништува"; „Поништување на предавничкиот лажен договор, веднаш", „Македонија почва грчка", се дел од слоганите испишани на плакатите на протестот.

Членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора, меѓу кои и поранешниот пратеник Илиас Касидиарис се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун во знак на протест против Договорот од Преспа и со слогани и плакати бараат негово поништување.

Конкретниот протест, како и останатите неколку собири во Солун се во исто време со свеченото отворање на 84от Меѓународен саем, а започнаа непосредно пред обраќањето на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.

Според дел од солунските медиуми, кусо пред почетокот на собирот против Договорот од Преспа, полицијата превентивно привела околу 30 лица.

„Македонија значи Грција"; „Договорот од Преспа се поништува"; „Поништување на предавничкиот лажен договор, веднаш", „Македонија почва грчка", се дел од слоганите испишани на плакатите на протестот на оние кои што се собраа против договорот меѓу двете земји.

Паралелно во Солун е под силно полициско обезбедување, ангажирани се над 3000 полицајци, полициски хеликоптер, како и две цистерни со вода за да се спречат било какви инциденти со оглед на тоа дека закажани беа најмалку пет протести.

Локалните медиуми објавија дека тензично било на еден од влезовите на саемот, кога членови на левичарската партија АНТАРСИА се обиделе насилно да ја пробијат заштитна ограда и да стигнат во дворот, по што полицијата интервенирала со солзавец.

Заедно со анархистичките здруженија и организации, оваа година прв пат протестираа и членовите на „Рубикон", анархистичката група што стои зад низа напади со бои на амбасади, компании, но и на грчкиот Парламент.

Посебни протести, одржаа од една страна, двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот и државниот сектор, од друга страна синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

притисни ентер