Решиле да ограбуваат банка , па самите се заклучиле (ВИДЕО)

Тројца криминалци решиле да ограбат банка , имале сигурно и план , но им пропадна.

Безбедносните камери во руска банка снимија чуден грабеж . Тројцата крадци влегоа од задниот влез на банката , но блиндираната врата се затвори зад нив и ги зароби внатре.

Кога видоа дека мора да се спасуваат за да не дојде полиција , почнаа панично да ја кршат вратата и заборавија на парите.

Во Велес до 9 часот излезноста 8,52 отсто

 Од вкупно 45.989 граѓани со право на глас во Велес до 9 часот на гласање излегле 8,52 отсто од гласачите. 

Гласањето се одвива на 84 избирачки места во општина Велес.

Како што информира за МИА, Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија гласањето досега се одвива во мирна атмосфера и без проблеми.

Санкционирани 104 лица за неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 104 прекршоци, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

МВР: Во текот на изборниот молк регистрирани осум настани

Во текот на изборниот молк регистрирани осум настани, шест во Скопје, по еден Струмица, Гевгелија и Велес.

За време на предизборниот молк, до 07 часот односно отворање на избирачките места, биле регистрирани осум настани од кои шест биле на подрачјето на СВР Скопје и по еден на подрачјето на СВР Струмица – Полициска станица Гевгелија и еден на подрачјето на СВР Велес.

Од МВР соопштија дека на подрачјето на СВР Скопје, во село Виниче и село Љубанци биле забележани закачени знамиња на политичка партија во близина на гласачки места. По интервенција на избирачките одбори знамињата се отстранети.

– Во село Брњарци во близина на избирачко место забележан е плакат на политичка партија, кој бил отстранет од избирачкиот одбор. Во близина на основното училиште „Његош" (каде што има четири гласачки места) испишани биле графити во врска со изборите. Исто така, во близина на пензионерски дом „Автокоманда" (каде што има две гласачки места) биле испишани графити во врска со изборите. Биле известени избирачките одбори и во тек е отстранувањето на графитите. Во 06.00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во дворот на основното училиште „Никола Вапцаров", во близина на гласачко место биле забележани плакати од политичка партија, кои биле отстранети од избирачкиот одбор. Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци биле расфрлани повеќе флаери од политичка партија. Додека, пак во СВР Велес било пријавено дека во близина на избирачко место бр. 2135 имало испишани графити во врска со изборите. Бил извршен увид, се наведува во денешното соопштение од МВР .

притисни ентер