Законот за ЈО без договор оди во Собрание

 Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство, следната недела оди во Собрание каде е закажана седница за вторник.

Иако засега се уште нема договор меѓу работните групи на власта и опозицијата.

Собраниската седница за предлог-законот е закажана за 27 август, по враќањето на пратениците од колективниот одмор. За законот е потребно двотретинско мнозинство, односно поддршка од 80 пратеници.

Од Министерството за правда велат дека засега нема закажно нова средба, иако претходно беше најавено дека разговорите ќе продолжат неделава. Сметаат дека компромисот треба да се гради во Собранието.

– Најдобра опција е консензусот да се прави во Собрание. Пратен е текстот и добро е сите пратеници што имаат забелешки да поднесат амандмани, наведуваат од Министерството за правда.

Министерката за правда Рената Дескоска, неделава во интервју за еден дневен весник кажа дека каменот на сопнување во текот на преговорите за Законот за јавно обвинителство не е Катица Јанева туку барањето за затворање на постапките кои се почнати од СЈО по периодот од првите 18 месеци и уништувањето на дотогаш собраните докази.

Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.

Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека пак опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, вчера прашан дали доколку пропаднат преговорите би учествувале во изготвување на нов Закон за ЈО, рече дека треба да им се даде шанса на преговорите.

– Да им дадеме шанса на преговорите, да видиме како ќе се развиваат и како ќе постапат преговарачките групи. Веднаш штом имаме резултат, односно исход од нивните преговори ќе имаме и подоцна став кој ќе бидат нашите следни чекори, изјави Арсовски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, смета дека е важно доколку во следниот период се најде компромис со опозцијата за да се донесе законот за ЈО и на тој начин, да се создаде институција која не само што ќе ги расчисти целосно дилемите кои произлегоа од прислушуваните разговори, туку во континуитет ќе продолжи да се бори со корупцијата на високо ниво.

Во однос на правната празнина околу именувањето на наследникот на Катица Јанева, Османи рече дека нема да се впушта во правно толкување на одредбите од законот, но дека најдобар одговор е компормис меѓу политичките чинители за трајно решение за СЈО преку новиот закон за ЈО.

-Сметам дека во услови на таква сензитивна, кризна ситуација и изразито ниво на недоверба во институциите најдобар и најодржлив лек е компромисот и консензусот помеѓу чинителите во општеството. Унилатералните решенија може да бидат вовед и во дополнителни влошувања на ситуацијата. Празнината во однос на продолжување на функционирање на институцијата може да има и потешки последици во однос на унилатералноста. Во моментот е најдобро решение доколку Советот на јавни обвинители со Собранието смогнат сили привремено да ја покријат празнината согласно законските одредби, но уште поважно е да најдеме трајно решение за СЈО преку новиот закон за ЈО, рече Османи кој повтори дека тоа е можно бидејќи разликите не се ненадминливи и со малку подигнување над партиските интереси имајќи го предвид очекувањето на одлука за датум во октомври. /МИА.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер