Затворен за сообраќај булеварот кај Бит Пазар

 Од денеска ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Крсте Петков-Мисирков" односно делницата во правец на Бит пазар, од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев" до клучката Детелинка.

Делницата ќе биде затворена од 08:30 часот денеска до 08:30 часот утре, а причината е асфалтирање на патот.

Автобуските линии ќе бидат пренасочени кон Скопскиот саем и клучката Континентал и назад кон клучката Детелинка.

Од ЈСП Скопје информираа дека линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал" ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучката Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски" и од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучката Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски", а од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал" ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Хоџа: Го удвоивме бројот на мандати, во Собрание ќе имаме четири пратеници

Успеавме да го удвоиме бројот на мандати на овие избори и во Собранието на Македонија ќе имаме четири пратеници.

Коалицијата „Можеме" ја направи разликата и ја обезбеди победата, истакна на денешната прес-конференција генералниот секретар на Движењето Беса, Аријанит Хоџа.

– Несомнено, мандатот на СДСМ и Движењето Беса ќе биде владин мандат во наредните четири години, а целата наша заложба ќе биде насочена кон продолжување на патот на интеграција на земјата во Европска унија и одржување на прозападната орентација на земјата потпирајќи се на нашите сојузници како САД и земјите членки на ЕУ, изјави Хоџа.

Во своето обраќање, Хоџа истакна дека завршиле еден предизвикувачки изборен процес и преземале ризик, како што наведе, „кој никој не се осмелил досега и докажавме дека ја направивме вистинската одлука со тоа што застанавме на вистинската страна".

– Некогаш бројките и победата не се важни, но важно е да се биде на вистинската страна. Движењето Беса на овие избои ги има и бројките и победата и е токму таму каде што сакаат мнозинството граѓани – во опцијата што гарантира пат за инреграција во ЕУ, економски разој и градење на рамноправна држава за сите врз основа на партнерство меѓу Албанците, Македонците и сите други етнички заедници, ре Хоџа.

На новинарско прашање во врска со тоа која партија од албанскиот блок ќе биде поприфатлива за коалициски партнер, Хоџа рече дека очекуваат да го видат финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесат длуки.

– Очекуваме да заврши броењето на гласовите. Во овој момент не сакаме да прејудицираме. Остануваме на тоа да го видиме финалниот резултат и врз основа на тоа ќе донесеме и одлуки, вели Хоџа.

Во врска со тоа каде биле вчера Беса додека СДСМ славеше победа, генералниот секретар на партијата истакна дека тие ги собрале резултатите од шестата изборна единица и не успеале на стигнат од Тетово.

– Бевме поканети, но заради тоа што штабот ни беше во Тетово не успеавме да стигнеме. Но, сме во целосна комуникација и координирани за се. Без разика на се, ние може да славиме победничка коалиција. Тоа е најважното во целата приказна и наредната влада ќе биде предводена од оваа коалиција, рече Хоџа./МИА

Сом капиталец тежок 47,5 килограми уловен во Калиманско езеро

Улов тежок 47,5 килограми е последниот подвиг на спортските риболовци од Пијанец кои максимално ги користат благодетите на езерото Калиманци во рамки на риболовната сезона која е во тек. 

Уловот е дело на делчевецот Горанчо Ќурчиски, кој истакна дека ова не му е првпат да „фати” олку голем „капиталец”.

-Калиманскиот сом е тежок 47,5 килограми и е еден од поголемите фатен во водите на езерото. Чести гости сме на Калиманци, езеро кое освен со сом, изобилува со крап, клен, црвеноперка, карас и други видови животински свет, истакна Ќурчиски.

Освен на Калиманци, додава дека предизвик му се и други езера, како во Македонија, така и во соседните земји.

-Годинава поради коронавирусот немавме многу одење во странство, но Дојранското езеро е тука, некои помали акумулации во близина, така што како што велат старите за добар спортски риболовец, не му е проблем било каде да си ја проба среќата, додава Ќурчиски.

Како голем љубител на спортскиот риболов Ќурчиски е пасиониран вљубеник во рибарските чамци и опрема за која има посебна фејсбук страна на која може да се види и набави дел од неговата колекција./МИА

притисни ентер