МТСП планира да отвори повеќе шелтри за жртви на семејно насилство

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладне го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Стручниот тим детално ја информираше министерката за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за него, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

-До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство, најави МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

Кабинет на Пендаровски: Претседателот ќе одржи консултации со партиите пред да го довери мандатот

Со краток став, се огласија и од кабинетот на Пендаровски.

Од таму за Канал 5 велат дека претседателот Стево Пендаровски ќе одржи консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот.

Согласно уставните одредби, мандатот за состав на владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно партиите што ќе обезбедат мнозинство во собранието.

ДИК поднесе пријава во полиција за хакирањето на сајтот, вчера паднал и вебот на МВР

Покрај падот на сајтот на Државната изборна комисија ДИК и на Тиме.мк, вчера во текот на денот во траење во неколку часа „паднал" и сајтот на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР за МИА информираа дека Секторот за компјутерски криминал работи на откривање на причините за падот на сајтот на полицијата кој вчера бил во прекин неколку часа по што повторно бил активиран.

Денеска пријава до МВР поднела само Државната изборна комисија.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски изјави дека нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи лично до министерот и оти очекуваат припадници на полицијата да дојдат во Комисијата. Како што кажа Деркоски, станува збор за хакерски напад од надвор и оти случајот ќе се испитува.

Хакерска група вчера го хакираше сајтот на агреторот на вести Тајм.мк на кој се појавуваа фотографија на група која себе си се нарекува Анонопсмкд, под мотото „Не простуваме, не забораваме. Очекувајте не".

– Поминаа уште едни „демократски избори" и како што може да забележиме истата приказна е секои 3-4 години само што овој пат село гори баба на избори оди. Ама што да правиш кога гласачкото тело е еден огромен паразит што гледа само да цица од државна ци*ка додека е заведено од празните ветувања на сите партии во оваа наша прекрасна држава, пишува во дел од пораката на хакерската група. /МИА

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ за изборниот процес

 Со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ.

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ упатува честитки за сите учесници во изборниот процес, кој согласно досегашните извештаи од набљудувачите, помина во мирна и демократска атмосфера, како што и доликува на Република Македонија која ги отпочнува проговорите со Европската Унија.

Воедно, со жалење констатираме дека Христијан Мицкоски и донесе пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа, потврда дека на партијата и се неопходни реформи и темелна чистка, со цел нејзина демократизација.

Ова е уште еден доказ дека Мицкоски е казнет и од нашето членство кое не дозволува ВМРО-ДПМНЕ да биде претворена во партија налик грчката Златна Зора. На членството му благодариме за стабилната поддршка која ја покажа, за разлика од Христијан кој донесе само негатива покажувајќи дека не умее да го искористи кадровиот потенцијал на нашата партија и избра да оди со кандидати како министерката на Бранко-Гога и Сафет Бишевац.

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ кој го донесе Мицкоски е последица на распарчувањето на партијата кое тој го донесе, исклучувајќи ги сите кои мислат различно од него и неколкумината негови потрчковци. Наместо како лидер, да обединува за силна победа, тој ширеше омраза, лаги и го ситнеше отпорот против владејачката гарнитура. Тој остана настрана и од помирувањето кое е толку потребно во нашето општество.

Срамно е немањето на доблест за признавање на дебаклот кој ние најавивме дека ќе и се случи на партијата, а со оглед на деструктивните политики водени од Мицкоски. Залудни се оправудавањата дека ВМРО-ДПМНЕ ја победила СДСМ и обидите за манипулација на чесното членство. Наместо тоа, Мицкоски, веднаш, без размислување, треба да поднесе оставка за катастрофалниот резултат кој и го донесе на партијата. Со него, треба да ги понесе и неговите „лева" и „десна" рака, како и сите нивни придружници кои изминативе години во континуитет ја носеа партијата во пропаст, наместо да се залагаат за членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Самонаречениот лидер Мицкоски, кој во изборите се претстави како „даскал", ги изгуби овие избори со 40.000 гласови помалку во споредба со претседателските избори. Доколку се направи споредба со парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ поради нечесните политики кои ги водеше Мицкоски има 150.000 гласови помалку. Тој самиот кажа дека доколку ги изгуби изборите или не состави Влада, ќе си поднесе оставка. Редно е барем еднаш да го одржи зборот и да замине засекогаш од ВМРО-ДПМНЕ. Доста беше лажен патриотизам и сквернавење на партијата. Доста беа погрешни политики и урнисување на името ВМРО-ДПМНЕ.

Во нашата партија има чесни поддржувачи, членови, активисти. Ти не си ВМРО-ДПМНЕ , ти си уништувач на идејата за модерно, центар десно ВМРО. Затоа, Христијан Мицкоски, заминувај веднаш.

Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер