Бранко Азески за косовските такси

„Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време.

Во врска со Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување забрана за увоз на мед и компири од Македонија, сакам да истакнам дека во целост се согласувам со ставот на мојот пријател Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово.

Впрочем вака јавно изнесен став треба да биде пример како бизнисот треба да реагира во услови кога се преземаат политички чекори за носење популистички одлуки.

Сафет Ѓергалиу, економски аналитичар и поранешен претседател на Стопанската комора на Косово – 17.8.2019

КОСОВСКИТЕ ТАКСИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОГРЕШНИ И ПОПУЛИСТИЧКИ

„Одлуката на министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, за воведување на забрана за увоз на мед и компири од Македонија, е во најмала мерка популистичка одлука, која е неразумна и е донесена во погрешно време.

Од една страна, се поставува легитимитетот на донесената одлука, затоа што е донесена од Влада која е во оставка, бидејќи Владата во заминување нема право да донесе таква одлука. Косово е во многу тешка положба, и ваквите одлуки се апсурдни и ѝ штетат на иднината на Косово.

Од друга страна, какви се анализите што претходеа на оваа одлука? Дали ќе биде тоа популизам, или станува збор за други интереси, кои навистина му штетат на Косово – како политички, така и економски, социјално и пред сè, во однос на интеграцијата и добрите односи со државите од регионот. Оваа одлука треба да ги засега сите оние кои го гледаат Косово како дел од регионот и сакаат да го видат во едно европско семејство, како земја-модел за добрососедство. Оваа одлука, како и Одлуката од минатата година за воведување на царинска стапка од 100% за производите од Србија и Босна и Херцеговина, придонесуваат Косово денес воопшто да не биде на листата н земји во однос на атрактивноста на привлекување на странски инвестиции, како што покажа и рангирањето на „Фајненшл Тајмс" објавено пред некој ден."

Имено, забраната за увоз на рибен подмладок и икра не се однесува само за Косово, туку и за сите останати земји кои немаат мониторинг, бидејќи земјава се подготвува од следната година да добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар. Мерката е воведена согласно прописите на ЕУ за увоз на овие производи и е согласно и со Спогодбата за санитарни и фитосанитарни мерки на СТО каде Македонија е членка од 2003 година.

Оттука воведување реципрочна мерка од косовската страна за забрана за увоз на одредени производи (компири и мед), во услови кога Македонија упатува на почитување европски правила и прописи, упатува дека станува збор за популистичка одлука донесена како резултат на инатење и попречување на добрите економски односи без основ.

Инаку, и согласно правилата на ЦЕФТА, Министерството за економија уште во јуни на редовните состаноци на ЦЕФТА одговори на косовската страна по ова прашање, а исто така и Агенцијата за храна и ветеринарство ја извести косовската страна дека новите законски прописи се донесени согласно европската регулатива. Во изминатиот период Агенцијата за храна и ветеринарство направи интензивни напори за надминување на проблемот со цел добивање соодветни информации за животинскиот и рибниот здравствен статус, но вакви податоци не се добиени, иако се побарани повеќе пати од ресорната институција во Република Косово. Како што информираше и министерството за економија на нашата земја, надлежните органи на Косово истакнаа дека системот за надзор на рибни болести во Република Косово не се следи.

Согласно достапните податоци, извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199,00 САД долари, додека во првите 5 месеци од 2019 година е во вредност од 212.227,00 САД долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири.

Стопанска комора на Македонија

Уапсениот украински министер е пуштен на слобода со кауција

Украинскиот министер за земјоделство, Микола Солски, кој претходно денеска беше приведен под обвинение за вмешаност во незаконско купување државно земјиште во вредност од околу седум милиони долари, е ослободен со кауција.

Судијата му одреди кауција на Солски во износ од 1,9 милиони долари, пренесува Ројтерс.

Солски ги негира наводите, кои се однесуваат на набавки од 2017 до 2021 година, пред да стане министер за земјоделство во март 2022 година.

Министерот вчера поднесе оставка, но технички останува на функцијата додека парламентот не го разгледа неговото барање за оставка.

Тој е првиот украински министер осомничен за корупција откако украинскиот претседател Володимир Зеленски е на власт.

Националното биро за борба против корупцијата соопшти дека обвинението се однесува на шема за стекнување сопственост на државно земјиште во вредност од 7,35 милиони американски долари.

Како што е наведено, земјиштето наводно незаконски им било одземено на две државни фирми и им било предадено на бранителите под услов да го дадат под закуп на одредени приватни фирми.

Солски и неговиот адвокат вчера на сослушувањето рекоа дека тој немал корист од таквата шема.

По ова обвинение тој може да се соочи со затворска казна до 12 години.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Тимчо Муцунски се сретна со поранешни амбасадори

Денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули .

Денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и заменик министер за информатичко општество и администрација Стефан Андоновски и меѓународниот секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Тодор Конески се сретнавме со поранешните амбасадори и конзули Н.Е. Василка Треневска, Томи Димитровски, Веле Трпевски, Оливер Шамбевски и Драган Ѓурковски.

Во разговорот им ја претставивме нашата визија преточена во #платформа1198 и побаравме поддршка за следните активности на полето на дипломатијата и меѓународните односи.

Помеѓу другото се заложивме дека клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија. Исто така, заклучивме дека нашите надворешно-политички приоритети треба да се засноваат врз принципите на рамноправност, заемна доверба, солидарност, дијалог, меѓусебно почитување и реципроцитет.

Нашиот интерес е да градиме национално единство по клучните прашања , објави на ФБ Иванка Василевска член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Трагедија во САД: 28- годишна НФЛ ѕвезда е пронајден мртов

Поранешниот НФЛ играч Кори Канингем (28) вчера е пронајден мртов во неговиот дом во Клифтон, Њу Џерси, објавија американските медиуми.

Според извештајот на „РЛС Медиа“, се работи за самоубиство, откако неговата кариера во последно време беше во голем пад.

Во последните неколку месеци тој се обиде да се пробие во светот на претприемништвото и беше регистриран како агент на локална логистичка компанија во Њу Џерси.

Канингам присуствуваше на колеџот Синсинати и играше за Аризона Кардиналс, Њу Ингланд Патриотс и Њујорк Џајантс за време на неговата кариера во НФЛ. Неговиот последен ангажман беше во Далас Каубојс, каде членуваше само како тренер, а доби отказ во јануари минатата година. Тој беше член на тренинг кампот на Џиновите претходното лето.

Поранешниот клуб, Њујорк Џајантс се прости од него.

- Тажни сме поради веста за смртта на Кори Канингем. Тој беше клучен дел од духот и заедништвото во соблекувалната. Нашите мисли се со семејството на Кори, пријателите и соиграчите - се вели во соопштението на клубот.

притисни ентер