Концерт на „Охридско лето" по повод 85 години од раѓањето на композиторот Зографски

Со концерт посветен на јубилејот – 85 години од раѓањето на композиторот Томислав Зографски,  фестивалот „Охридско лето" вечер ќе го заокружи музичкиот дел од годинашната Програма.

На авторската вечер во црквата „Св. Софија" со почеток во 21:00 часот посветена на творештвото на Томислав Зогравфски, ќе настапат реномираните македонски уметници: пијанистите Марија Ѓошевска, Елена Атанасовска-Илиевска, Марија Вршкова и Даница Стојанова, Марјан Милошевски на фагот, Ристо Ѓоревски на кларинет, флејтистката Билјана Камчева и Гудачкиот квартет „Зографски".

Зографски е еден од основоположниците на македонската композиторска школа и автор на повеќе од 150 дела. Тој претставува значајна алка во создавањето на современиот македонски композиторски израз, не само поради неговиот личен опус, туку и поради влијанието кое го имал во создавањето нови млади композитори преку неговата педагошка дејност на Факултетот за музичка уметност каде бил декан и продекан.

Неговите дела се изведувани во САД, Русија, Јужна Америка, Мексико, Австралија, Нов Зеланд, Шведска, Грција, Шпанија, Франција, Литванија, Грузија, Украина, Велика Британија, Италија и во сите центри на поранешна Југославија.

Добитник е на две награди за животно дело, како и на голем број значајни награди за композиции и за филмска музика. Неговите дела се издадени на носачи на звук, а музикологот Марко Коловски е автор на монографија посветена на ликот и делото на Томислав Зографски. Дел од неговото творештво се наоѓа во библиотеките на престижни музички образовни институции во Полска, Германија, Казахтан, Русија, Швајцарија, Србија и во Кина.

Ова 59-то фестивалско издание ќе биде затворено со содржина од драмската програма. Станува збор за изведбата на театарската претстава „Одисеј" на Горан Стефановски во режија на селекторот на драмската програма, Александар Поповски. Претставата е копродукција на повеќе познати театарски куќи од просторите на поранешна Југославија, а ќе биде изведена на сцената на Античкиот театар. 

Во вторник средба Заев-Мицотакис во Њујорк

На маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во вторник, на 24 септември, предвидена е средба на Зоран Заев со Кирјакос Мицотакис, според грчки извори, jави дописничката на МИА од Атина.

Ова ќе биде прва средба на премиерите на двете земји, откако по изборите во Грција на почетокот на јули годинава, имаше промена на власта кај јужниот сосед.

Кирјакос Мицотакис утре заминува за Њујорк, каде што ќе присуствува на 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации, а освен со премиерот Заев, според информациите од Атина, предвидено е да оствари билатерални средби и со претседателот на САД, Доналд Трамп и со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, како и со претседателите на Србија, Косово, Кипар, Грузија и Колумбија и со премиерите на Албанија, Австралија, Индија и Ерменија, но и со Генералниот секретар на ОН.

Во петок на 27 септември грчкиот премиер ќе има обраќање на Генералното собрание на ОН.

Во грчката делегација што ја предводи премиерот на земјата, се и министерот за надворешни работи Никос Дендиас, заменикот министер под премиерот и владин портпарол Стелиос Пецас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија, Костас Франкојанис и заменикот МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис. /МИА.

Ќе се формира „Фонд за млади умови“ со поддршка на УНИЦЕФ

Се преземаат активности за формирање „Фонд за млади умови“кој ќе постои за поддршка на развојот на талентираните деца .

Оваа можност е резултат на повеќемесечната соработка на овој план меѓу фондот за иновации и УНИЦЕФ..

притисни ентер