Се разгорува пожарот на грчкиот остров Евиа , Мицотакис го прекина одморот (ВИДЕО)

Авиони , хеликоптери и пожарникари два дена се обидуваат да го изгаснат пожарот на островот Евиа , на 110 километри од Атина , но ветрот и натаму го разгорува.

Во целото подрачје од вчера е прогласена вонредна состојба , а премиерот Киријакос Мицотакис го прекина одморот на Крит и отиде на самото место за да им даде поддршка на пожарникарите.

Чад што се издига од Евиа , ветрот го носи и над Атина , каде е загаден воздухот , предупредуваат активистите за животна средина.

Италија , по повикот од Грција за помош од земјите на ЕУ,  испрати два авиони . Иако условите се подобрени , како што јавуваат грчките медиуми  новите пожари продолжија да се разгоруваат.

„Тоа е силен пожар, тоа е реалноста ... не постои опасност по човечки животи и тоа е она што е важно“, изјави Костас Бакојанис, регионален гувернер за централна Грција, за телевизијата Скај.

Пожарникарите соопштија дека четири села и стотици луѓе вчера биле евакуирани, а еден пожарникар е хоспитализиран откако претрпел изгореници.

„Ситуацијата на Евија беше многу тешка и останува тешка“, рече Христос Стилијанид, комесар за помош на Европската унија, по состанокот со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Државната телевизија соопшти дека околу 28.000 хектари борова шума е претворена во пепел.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер