До понеделник во Србија ригорозни контроли за брзо возење и алкотестови

 Сообраќајната полиција во Србија , по серијата трагични несреќи за само два дена во голема акција откриле над 5 000 возачи , кои возеле пребргу.

На претстојниот Фестивал на пивото во Белград, каде се најавени илјадници гости од регионот, ќе има многу строги сообраќајни контроли , беше најавено на денешната прес конференција во МВР.

Во Србија во тек е меѓународна акција во мкоја учествуваат 29 земји членки на сообраќајната полиција на Европол и само за два дена од акцијата биле фатени над 5 000 возачи кои ја надминале дозволената брзина.

Особено ќе бидат зајакнати контролите од 15- 19 август , кога се очекува доаѓање на гости на Beer Fest , така што нема да се толерираат пијани возачи и ќе бидат направени алкотестови за сите сомнителни возачи.

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер