Полицијата со писмени и сообраќајни поуки за несовесните пешаци

 На територијата на СВР Велес вчера од 7 до 13 часот била извршена контрола на пешаците кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што биле  констатирани вкупно 25 прекршоци. 

Од СВР Велес потенцираат дека со несовесното поминување на улица,а не на пешачки премин и не почитувани на сообраќајните правила и прописи овие несовесни пешаци самите си го загрозуваат сопствениот живот.

Како што информираат од СВР Велес од нив седум несовесни пешаци биле регистрирани  во Велес, осум во Кавадарци и 10 во Неготино.

Некои од овие лица биле  писмено опоменати, а некои  упатени на сообраќајна поука.

Тие  воедно се и  голема опасност за возачите, бидејќи поминуваат набрзина каде што ќе им текне, а ако возачот во тој момент брзо не реагира и  закочи  може не по своја вина  несакајќи  и да ги презгази.

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер