Смртоносната ебола наскоро ќе може да се лекува

Еболата наскоро би станала болест што се лекува , откако испитувањата на два лека дадоа позитивни резултати.

Четири лекови биле тестирани кај пациенти во Конго, каде изби голема епидемија на овој вирус.

СЗО објави дека студијата покажала дека два лека биле значително поефикасни од другите во лекувањето на болеста. Во истиот извештај се вели дека повеќе од 90 проценти од заразените преживуваат ако се лекуваат со најефикасните од четирите лекови тестирани во раните фази на болеста. Беше договорено дека лековите отсега ќе се користат за лекување на сите пациенти кои страдаат од оваа болест во ДР Конго.

Американскиот национален институт за алергии и заразни болести (НИАИД), кој ја ко-финансираше студијата, рече дека тоа е „исклучително добра вест“ кога станува збор за борба против еболата.

„Кросбоу" обединува 12 држави за интеграција на елекричната енергија од обновливи извори

Станува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. 

 Електропреносните систем-оператори, производители на обновливи извори на електрична енергија и научни установи од 12 држави заеднички ќе работат на проект кој ќе овозможи да се интегрира електричната енергија произведена од обновливи извори и да стане конкурентна на регионалниот пазар на електрична енергија на Југоисточна Европа.

Станува збор за регионалниот проект „Кросбоу" во кој Европската комисија вложи над 17 милиони евра, а вклучени се 24 партнери од 12 држави. Нашата земја ја претставуваат Факултетот за електротехника и информатички технологии (ФЕИТ), МЕПСО и ЕСМ.

Целта на „Кросбоу" е да создаде модел за ефикасно управување со производството на електрична енергија од варијабилни обновливи извори на енергија и со капацитети за складирање на електричната енергија, со помош на примена на најнови информатичкo-телекомуникациски технологии.

Проектот беше денеска презентиран пред македонската енергетска јавност. На презентацијата се обратија генералните директори на МЕПСО, ЕСМ и претставник на ФЕИТ, а проектот го претстави професорот Јовица Милановиќ, од универзитетот во Манчестер, Велика Британија, еден од креаторите на овој проект.

-Кросбоу е меѓународен проект на Европската Унија кој почна пред три години со идеја да се испитаат можностите за регионална соработка на електропреносните систем –оператори за максимално искористување на зелената енергија, така што ќе се унапредува потрошувачката и нејзиното складирање, на тој начин што сите учесници ќе имаат финансиска корист. Засега нема регулатива, ниту пазар за енергетско складирање ниту во регионот, ниту во дел од Европа. Ова е прв проект што ја вклучува ЈИЕ и е огромна можност за нашиот регион да покаже предност за развој на нови трговски механизми и да покаже на Европа дека има техничка поддршка, истакна Милановиќ.

Весна Борозан, редовен професор на ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" истакнувајќи го значењето на регионалниот проект за нашата земја рече дека проекто се фоксура на двата основни тренда во современите електроенергетски системи: децентрализација на производството на електрична енергија во рамки на системот по пат на интеграција на производството на електрична енергија од малите обновливи извори на енергија на пониските напонски нивоа и истовремено, потполно отворање на пазарите на електрична енергија и нивното поврзување во пан-европскиот пазар на енергија и растечката конкуренција.

Според неа овој проект нуди решенија што ќе дадат можност на најмалите, по моќност, учесници на пазарот, вклучувајќи ги домаќинствата и малите електрани да станат конкурентни учесници на пазарот.

Компаниите учесници во проектот МЕПСО и ЕСМ го истакнаа значењето и очекувањата на „Кросбоу" во однос на нивното идно работење.

– МЕПСО ги прифати предизвиците и активно работи на регионални  и на европски проекти. „Кросбоу" е еден од нив. Досега имаме одлични резултати од направените студии. Клучни поенти на кои се фокусира проектот од аспект на работата на систем-оператор се: регионален оперативен центар за балансирање, регионален координативен центар за обновливи извори и за капацитети за складирање и мониторинг систем за набљудување и предупредување. Овој сет на алатки за регионален менаџмент и управување ќе донесе исклучителен напредок во управувањето со преносната мрежа, соопшти Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО.

Генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски потенцира дека нивната програма согласно енергетската политика на државата што е усогласена со глобалните енергетски трендови и движења е во иднина само да се зголемува уделот на обновливите извори.

-Во поблиска и подалечна иднина ние само ќе го зголемуваме производството на електрична енергија од обновливи извори. Затоа нам како производител ни е важно да има мрежа што ќе може да го прифати продуктот од тие извори, рече Ковачевски.

Проектот, кој треба да овозможи зајакнување на регионалната соработка помеѓу операторите на електропреносните системи во Југоисточна Европа, ќе понуди решенија за зголемена флексибилност и стабилност на системите, преку подобрено управување со размената на моќност на интерконекциите, како и нови решенија за складирање на енергијата,  подобро управување со комуникациите и други придобивки.

Тие се најбогатите луѓе во Кина

На листите на милијардери и најбогати луѓе на светот навикнати сме да ги гледаме имињата на успешните бизнисмени од Западот, но и Истокот, посебно Далечниот исток има свој адути. 

Секако во преден план се богатите Кинези.

Џек Ма Јун – Алибаба

Секако најпознатиот милијардер од Кина е Џек Ма Јун, еден од основачите на светски познатата трговска онлајн платформа Алибаба.

Џек Ма со членовите на семејството е „тежок“ околу 39 милијарди долари,според податоците на истражувачкиот институт Хурун.

Минатата година Алибаба имала приходи од 56 милијарди долари, како четврта фирма на светската листа, зад Амазон, Гугл, и кинескиот ЈД, во јуни минатата година на берзата вредела 540 милијарди долари. Сега Алибаба вреди 445 милијарди.

Пони Ма Хуатенг – Тенцент

Тенцент е уште една мегауспешна кинеска компанија , основана и водена од Пони Ма Хуатенг, 48 бизнисмен чие богатство е проценето на 37 милијарди долари.

Всушност Тенцент е Азискиот број 1 , тоа е воедно е една од најголемите компании во областа на интернет базиран на технологија во светот.

Су Јиајин – Евергранде

Третиот најбогат човек во Кина е милијардерот од „стар ков“ , кралот на градежништвото и недвижнините 61- годишниот Су Јиајин , сопственикот на Евергранде  има богатство вредно 30 милијарди долари.

Евергранде минатата година била највредната фирма со промет на недвижнини на светот.

Хе Синагијан и Хе Јиангфенг – Мидеа

Мидеа на основачите Хе Синагијан (77 год.) и неговиот син Хе Јиангфенг(52) им обезбедила мирна и богата старост и богатство од 26 милијарди долари.

2Мидеа груп“ е компанија која произведува бела техника и мали домашни апарати, од 2016 година и роботи , посебно откако ја преземала германската компанија КУКА , најголемиот светски производител на роботи.

Су Пиаојанг и Жонг Хуијуан – Јианг Су / Хаснох

Листата на најбогати Кинези  ја завршуваме со три непознати имиња за светската јавност, иако со своите 25 милијарди долари брачната двојка Су Пиаојанг и Жонг Хуијуан има многу повеќе од светски познатиот основач на Тесла, Елон Маск, кој „тежи“ само 22 милијарди.

Целото богатство овој брачен пар го заработил со фармацевските куќи Јуингсу и Хаснох.

Кина инаку според славниот магазин „Форбс“ во 2019 година има 324 доларски милијардери, бројка значително помала од 2018 кога имала 372 –ца милијардери.

Џенифер Анистон за еден ден добила 9 милиони следбеници на Инстаграм

Холивудската актерка џенифер Анистон била една од ретките јавни личности без профил на социјалните мрежи се до вчера кога убавата актерка одлучила да се пријави на Инстаграм.

Првата објава на 50 годишната актерка на Инстаграм експресно станала хит .

„Сега сме пријатели и на Инстаграм. Здраво, Инстаграм, напишала Џенифер Анистон под фотката на која позира со своите колеги од култната серија „Пријатели“.

Фотографијата за само три часа добила дури 2 милиони лајкови. Џенифер пак по само 24 часа веќе има 8,7 милиони следбеници на Инстаграм.

притисни ентер