Црна мечка им влегла дома , а кога излегувала направила дупка во ѕидот (ВИДЕО)

Викендов црна мечка влегла во куќа во американската држава Колорадо и избегала од неа така што направила голема дупка во ѕидот.

Од полициската станица Естес Парк соопштуваат дека мечката влегла во куќата во петокот вечерта , веројатно привлечен од мирисот на кантата за отпадоци.

,,По доаѓањето на службеникот , мечката направи дупка во ѕидот и избега.” , се наведува во полициското соопштение.

Локалните медиуми јавуваат дека никој не бил повреден.

Според полицијата од Колорадо , од 19 јули до 3. август годинава мечките влегле в над 35 возила и во девет станбени објекти , а на жителите им препорачуваат да ги затвораат вратите и прозорците.

Почнува штипската „Пастрамајлијада"

 Со сечење на џиновската пастрамајлија вечерва почнува манифестацијата штипска „Пастрамајлијада". Манифестацијата вечерва во 20.30 часот официјално ќе ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

На штандовите на угостителските објекти, кои ќе бидат поставени од крстосницата Дујле до камениот мост кај населбата „8 Ноември" ќе се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па унифицираната цена на штандовите ќе биде 150 денари. Вечерва гостите ќе ги забавуваат групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Градоначалникот Бочварски денеска истакна дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата", своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по настанот. Забележува дека ќе го слушне мислењето на граѓаните, по што ќе се одлучува дали ќе има нов или ќе си остане истиот концепт.

Во градот викендов ќе се влегува од трите влезови, а полицијата и редарите на штипските јавни претпријатија ќе им помагаат на возачите каде ќе можат да паркираат. 

Последни два дена од Европска недела на мобилност 2019

Придобивките од возењето велосипед, вештото возење, велосипедските трки и промоцијата на формите на транспорт кои влијаат на ублажување на климатските промени ќе бидат во фокусот на последните два дена од Европската недела на мобилност 2019, најави

Велородео, памптрак парк за љубителите на адреналинското рекреирање со велосипеди, скејтборди и ролери, возење со велосипед покрај Владата до Школка во Градскиот парк се само дел од активностите најавени за денеска.

Во текот на утрешниот ден ќе се одржи велопикник, како и традиционална трка на велосипедската федерација.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас". Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар", а во организирањето учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвниот крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други. 

Септември почна со високи температури, можна суша во наредните месеци

Топол бран и повисоки температури на воздухот во земјава го карактеризираа почетокот на овој месец, достигнувајќи до 37 степени.

– Според досега измерените вредности на првата декада од септември, 2019 година се категоризира како многу топла декада, освен мерното место Скопје, кое се карактеризира како топло, информираат од УХМР.

Според мерењата, максималната температура во Гевгелија изнесувала 37,1 степени, Демир Капија 35,5 степени, Струмица 35,2, Штип и Скопје со 34 степени, Битола 32,7 степени, Прилеп 32,2 степени, Крива Паланка 31,6 степен, Берово 30,2, Охрид 29,5, Лазарополе 26,6 степени и Маврово 26,5 степени.

Од УХМР посочуваат дека на повеќето метеоролошки станици не се надминати многугодишните апсолутни температури, но се надминуваат многугодишните просечни вредности.

Според податоците, апсолутната температура измерена во септември во периодот од 1951 до 2018 година изнесува 39,7 степени во Демир Капија и Гевгелија со 39,2 степени.

Топло време со високи температури во септември е регистрирано и во 2011, 2012 и во 2015 година.

Од Управата посочуваат дека во изминатите месеци недостигаат врнежи и дека голема е веројатноста за појава на суша во наредниот период. 

притисни ентер