Трагичен крај на масовната потрага по исчезнатото девојче со посебни потреби

Пронајдено е телото на британската тинејџерка Нора Кворин , која исчезна на 4. август додека летувала со родителите во Малезија.

Девојчето со посебни потреби на 4. август исчезнала од својата соба во прашумскиот резорт Серембан во малезија , каде летувала со родителите.

Малезиската полиција денеска потврди дека го пронашле телото на белата девојка во близина на локацијата каде што исчезнала Нора. Луси Блекмен Труст, добротворна организација која се занимава со случаи на исчезнати лица, рече дека телото сè уште не е идентификувано, но дека е „веројатно“ Кворин.

Добротворната организација соопшти дека во моментов работи на идентификување на пронајденото тело. Околу 350 луѓе биле вклучени во потрагата по британската тинејџерка кој уште од рана возраст страдала од холопросенцефалија. Родителите на Нора минатата недела рекоа дека може да чита како мало дете, но дека не може да напише повеќе од неколку зборови и дека не може да смета, што значи дека не може да работи со пари. Плус, Нора не може сама да телефонира.

Од полицијата изјавија дека го третираат случајот како за исчезнато лице, но семејството на Нора верува дека можеби е киднапирана.

Мајката на Нора, Меаб и таткото Себастијан им се заблагодарија на сите што ја бараа нивната ќерка. Мајката на Нора исто така понуди парична награда од 10 000 фунти за какви било корисни информации што можат да помогнат при истрагата.

„Нора е наше прво дете. Таа е ранлива уште од раѓање. Апелираме до секој што има информации за Нора да ни помогне“, изјави вчера Меаб.

Видео: Шерон Стоун ја повтори култната сцена од „Основен инстинкт“

Холивудската ѕвезда, 62-годишната Шерон Стоун светска слава доби со филмот „Основен инстинкт “ и култната сцена кога на полициско испрашување ги прекрстува нозете.

Легендарната сцена од 1992 година, Шерон ја повтори викендов на свеченост во Берлин.

Атрактивната Шерон во Берлин ја прими наградата за „жена на годината“, организирана од магазинот „ GQ“ и по 27 години седна на столица на бината за да одржи говор.

За време на говорот 62- годишната актерка ја повторила култната сцена од филмот, а потоа ја повикала публиката да го стори истото заедно со неа.

Во говорот, Шерон открила дека славната сцена била моментот која и го променила животот.

„Пред многу години седев на сцената. Режисерот тогаш ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи се гледаат, а јас во таа сцена не требаше да ги носам. Одговорив: Секако!! Не можев ниту да помислам дека тоа беше моментот кој ќе ми го смени животот, изјавила Шерон Стоун за улогата која и донесе светска слава.

На Детската клиника првпат во државава почна примената на лекот „Спинраза"

На десетмесечно бебе со спинална мускулна атрофија вчера на Универзитетската клиника за детски болести му е даден лекот „Спинраза". 

Станува збор за прва примена на овој најнов лек во нашата земја, кој се користи за третман на децата и возрасните пациенти кои ја имаат таа болест. Оваа најсовремена терпија се дава во најразвиените земји во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети таа јавна здравствена установа.

- Десетмесечното бебе кое во текот на вчерашниот ден ја прими терапијата се чувствува добро. Останатите шест деца со соодветен распоред ја добијат терапијата. Се надеваме дека ќе има добар ефект, односно дека прво ќе се запре прогресијата на таа болест, која драстично ја влошува здравствената состојба на децата, а има можност таа да се подобри и тие дечиња кои не може да одат да можат да застанат на нозе. Буџетот за сите седум деца изнесува 120 милиони денари и со ова вкупниот буџет на програмата за ретки болести надминува 500 милиони денари, кој на крајот на 2017 година изнесуваше 280 милиони денари, рече Филипче.

Посочи дека значајно е зголемен буџетот на програмата за ретки болести и ова е веќе шести нов лек, кој е воведен за неполни две години. Тој истакна дека буџетот е речиси тројно зголемен, и освен за оваа болест се воведени и нови лекови за болеста Гоше, за соодветни форми на анемија, за пулмонална фиброза и еден дел од пациентите кои боледуваат од пулмонална хипертензија ќе добијат дополнителна количина лекови.

- Нема ниту еден пациент со ретка болест кој чека за терапија. Ја воведуваме најмодерната терапија. Нема потреба пациентите да бараат можност за лекување во странство, сите можности им се нудат тука во нашата земја, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека во регистарот има седум пациенти со спинална мускулна атрофија.

- Имаме информација дека едно семејство кое има детенце за таков лек одамна не живее во нашата земја, така што во овој момент сите дечиња на кои им е потребна оваа терапија го имаат потребниот лек, а набавката се спроведува за период од една година, додаде Филипче. 

Поранешниот американски претседател Џими Картер е примен во болница во Атланта

Поранешниот американски претседател Џими Картер е примен во болница во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање, пренесоа британските медиуми.

95 годишниот Kартер, пред три недели беше примен во Универзитетската болница во Емори, откако претрпел лесна фрактура при пад во својот дом во Пленс, во сојузната држава Џорџија. Тој беше пуштен од болница неколку дена по инцидентот.

Поранешниот претседател во мај, исто така, во својот дом, ја скрши карлицата, по што мораше да биде опериран.

Во 2017 година тој кусо време беше примен во болница заради дехидратација, додека во 2015 година му беше дијагностициран рак на кожата.

Нема информација за околностите кои довеле до неговата последна хоспитализација

притисни ентер