СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прво да побара расчистување на сите случаи за нивни функционери, па потоа да зборува за правда

ВМРО-ДПМНЕ да ги повика институциите да ги расчистат сите отворени случаи за нивни функционери, вклучително и оние каде што Јанушев е осомничен, па потоа да зборува за правда.

Реакција на прес конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ да ги повика институциите да ги расчистат сите отворени случаи за нивни функционери, вклучително и оние каде што Јанушев е осомничен, па потоа да зборува за правда.

Воспоставувањето на правната држава на здрави основи и одговорност за фамилијата и тајкуните на режимот, наиде на отпор и страв во скапоцениот дворец дека секој ќе одговара за тоа што го направил.

Очигледна е спрегата на ВМРО-ДПМНЕ со криминалците и тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, кои се обидуваат да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО, да се загрози евроинтеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Додека СДСМ и Зоран Заев се борци за правда, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бранат криминалци, шуруваат со тајкуни и ликови од подземјето.

На секого му е јасно дека премиерот Заев нема никаква вмешаност. Сосема спротивно, токму тој го пријави, повикува до крај да се расечи случајот, се бори за правда преку градење на независни и функционални институции кои вистински се борат со криминалот и корупцијата.

Во таа насока е денешната одлука на Владата за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт.

Ако Мицкоски, Игор Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ навистина се за правда, тогаш нека повикаат на одговорност и расчистување на сите отворени предмети и истраги.

Мицкоски, Јанушев и ВМРО-ДПМНЕ нека повикаат да се расчистат предметите Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други.

Дури тогаш во скапоцениот дворец ќе имаат кредибилитет да зборуваат за правда.

Конструкциите со кои се обидуваат да ги компромитираат доказите и постапката во надеж дека некој ќе се спаси од вина пред судовите, нема да успеат и истите се причина плус да се забрза истрагата и да ги даде одговорите за поттикнувачите, организаторите и осмислувачите во последниот случај.

Ги охрабруваме институциите брзо да делуваат за целосно расчистување, сите актери, од прв до последен, кои се инволвирани во овој случај мора да понесат одговорност.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер