Реконструирана улицата „4" во Долно Лисиче

Целосно е реконструирана улицата „4" во Долно Лисиче во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри.

Како што соопшти Општина Аеродром, реконструкцијата на улицата опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт.

Од Општина Аеродром информираат дека со забрзана динамика ја уредуваат патната инфраструктура и го олеснуваат секојдневното функционирање на жителите.  /МИА

Застрелан ученик во пукотница во средно училиште во Калифорнија (ВИДЕО)

Најмалку еден ученик е повреден во пукотницата во средносто училиште во градот Санта Роса на северот на Калифорнија.

Во тек е потрага по вооружениот напаѓач, а очевидци изјавиле на полицијата дека напаѓачот испукал три до четири куршуми од пиштол пред средното училиште Ридвеј и избегал, изјави полицискиот службеник Самер Глокнер.

Еден тинејџер беше застрелан непосредно пред средното училиште Ридвеј во Санта Роса, во вторникот наутро, по што беа затворени  повеќе училишта додека властите го бараа напаѓачот, соопшти полицијата.

17-годишната жртва се појавила во локалната болница по пукањето, што се случило нешто пред 9 часот наутро на раскрсницата на авенијата Ридвеј и улицата Морган, изјави капетанот на полицијата Санта Роза, Џон Креган. Жртвата се здобила со прострелна рана во абдоменот и е во стабилна состојба.

Осомничениот стрелец е приведен во училишниот кампус Ридвеј, изјави Креган. Властите го пребаруваат кампусот за да го најдат пиштолот со кој пукал.

Полицијата соопшти дека пукањето било изолирано и никогаш не се сметало за активна ситуација со стрелање.

Путин и Ердоган се договорија за контрола на североистокот на Сирија- уште 150 часа примирје

Претседателот на Русија Владимир Путин и неговито турски колега Реџеп таип Ердоган на состанокот во руското летувалиште Сочи се договорија за контрола на североистокот на Сирија.

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот Реџеп Таип Ердоган постигнаа договор денеска за поделба на контролата над североисточна Сирија, со кој се бара повлекување на курдските борци по целата сириско-турска граница.

Договорот им дава на курдските борци уште 150 часа, почнувајќи од утре попладне, да се повлечат од преостанатите области долж турско-сириската граница во должина од 440 километри.

САД го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО (ВИДЕО)

Сенатот на САД вечерва со 91 глас за и 2 против ,го изгласа протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Претседателот Стево Пендаровски им се заблагодари на САД и напиша дека стратешкото партнерство продолжува.

-Благодарност до САД за ратификацијата на Протоколот за нашето членство во #НАТО во Сенатот. Стратешкото партнерство САД-Северна Македонија продолжува во Алијансата придонесувајќи за глобалната стабилност и безбедност. #WEARENATO, напиша Пендаровски.

Уште четири земји остануваат да го ратификуваат Протоколот за земајва  и официјално да стане членка на НАТО.

притисни ентер