Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
МакедонијаБоки Тредичи: „Разговорот ни го слуша уште некој“ Неверојатна е кармата на ликот кој најмалку го знаеме како Бојан Јовановски. Од „висините“ на шоубизот, кој само за него и дузина негови блиски беа висини, за сите останати беа „дно“, па се до вистинското дно - притвор( Прв дел ) Реални шоуа во Србија, емисии во Македонија и Србија,концерти откажани, песни, спотови, рефлектори, скапи женски чанти, очила, крзна и што уште не , само да се дојде до внимание и насловна страна. Но што претходеше и што доведе до денешниот мегаскандал насловен како „Рекет“ Тој истиот Боки 13, последнава година ипол беше главна тема во медиумските но и бизнис кулоарите за неговите рекетирања. Синот на Катица Јанева беше ( не знаеме дали се уште ) вработен во 1 ТВ. Ова беше класичен пример за нелојална конкуренција во смисол на добивање на информации поврзани со дејноста на СЈО, и крајно неетички потег. Но изостана реакцијата и на ЗНМ, кои нормално си молчеа, потоа едно здружение кое наводно има задача да се грижи за етиката во медиумите во Македонија, СЕММ, во ниту еден момент не реагираше на овој невообичаен потег на „двоецот“ Боки Тредиче и Сињора Катица. Ниту буква ниту збор од ЗНМ и СЕММ. Советот на обвинители на Македонија се однесуваше аутиситчно , како да не слушнале дека Лазар Јанев е вработен во 1ТВ, и немаа никаков став по тоа прашање. Дополнително дознавме дека новинарот Сашо Орданоски добил сертификат за Државна Тајна, нависокиот можен безбедносен сертификат кој еден цивилен но и професионален работник може да го има. Канал 5 бараше одговори, кој и зошто, и за каква цел , на еден новинар му доделил ваков сертификат , и тоа новинар кој работи во 1ТВ И во тој момент ја добивме оваа „постава“ во 1ТВ: Боки Тредичи - Лазар Јанев - Сашо Орданоски. Кој на која позиција и дали „играл“ истрагата ќе треба да покаже, но ќе треба да покаже кој друг од нашите колеги во 1ТВ можеби биле дел од Рекет, свесно или несвесно. Во 1ТВ чест и радо виден гост беше Катица Јанева, Гордана Дувњак имаше коректни интервјуа со првата „специјалка“ на Македонија, но интересно е што токму нејзе ја избраа во неодамна формираниот Судскио-Медиумски совет. Случајно? Не би рекле, но и тоа е можно. Почнаа да се емитуваат реклами на компании кои се рекламираа само на 1ТВ , телевизија со најмал рејтинг. Зарем никој од „ведетите“ на 1ТВ не се праша како е тоа можно? Јадранка, Чом, Орданоски, Борјан Јовановски, Кабранов разбираат што се рејтинзи кај телевизиите и знаат дека по тој критериум се дели „рекламниот колач“ Бахатоста на Боки Тредичи кулминираше на роенденот на 1ТВ, каде во едно видео се гледа, како во полупразната сала на Филхармонија, еминентни гости од актуелниот политични, општествен и бизнис живот на нашата земја го чекаат него - Боки Кралот, кој откако влезе во салата, речиси сите гости станаа и почнаа да се ракуваат со него. Станувањето потсетуваше на она она годишно медиумско обраќање на Путин, кога при неговиот влез луѓето стануваат со сериозна стравопочит... ( продолжува утре ) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо забелешката на нашиот Видиновски, Култура со брза реакција!По видеото на новинарот Александар Видиновски, поставено е ново македонско знаме пред Министерството за култура и туризам.Брза реакција од Министерството за култура и туризам, по забелешката на новинарот на Канал 5, Александар Видиновски во врска со искинатото македонско знаме поставено пред оваа институција. Сега пред Министерството се вее ново знаме на Македонија, онака како што доликува. Тагови: Александар Видиновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите. Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија. Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот. - Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша. Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“. – Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупаДокументација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски - Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев . – Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски. За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело. -Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев . Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50