Ексклузивно: Канал 5 открива како се снимале „Ла Верита“ бомбите - Канал 5

Ексклузивно: Канал 5 открива како се снимале „Ла Верита“ бомбите

Пукањето на „Ла Верита бомбите“  донесоа еден нов начин на прибирање на компромитирачки, но сепак доказни материјали.

Ексклузивно: Канал 5 открива како се снимале „Ла Верита“ бомбите

Во објавените бомби на СДСМ во 2015 година јасно беше дека снимените незаконски разговори беа снимени со уреди за снимање на телекокунуикациите како што се обичните и мобилните линии.

Што ново дознавме со овие бомби? Во случајот „Рекет“ се користат два начина за обезбедување на сега само аудио материјали. Од денешната бомба на „Ла Верита“ дознавме и тоа преку еден момент оној кој го преведувал текстот на англиски јазик дека тој очигледно и гледал и слушал видео и звук.

Во еден момент Боки 13 му покажува фотографии на Камчев, а преведувачот објаснува како да го гледа видеото и објаснува дека Боки 13 му ги покажува фотографиите. Засега прашањето е: Зошто се уште јавноста во Македонија нема можност да го види видеото, туку само да слуша? Дали самиот начин на снимање на видеото ќе покаже и кои се тие кои ја обезбедиле според нашите информации софистицираната опрема за снимање на ваков тип на докази. Интересно е тоа што во еден од сниманите телефонски разговори се слушаат нови аудио моменти самиот звук на ѕвонење на апаратот на Камчев и во еден момент, еден звук кога пристигнува порака на интернет апликација за вајбер, ватсап.

Во моментов не може да се купи ваква апликација со која можете да ги снимате разговорите преку интернет апликациите со која можете да ги снимате вашите разговори преку интренет. Постојат мал број наменети за американскиот пазар и се поврзуваат со одреден интернет оператор.

Овие два аудио сигнали ѕвонењето и вајбер сигналот навестуваат, но без 100 посто гаранција дека телефонскиот апарат на Јордан Камчев е обработен на одреден начин за де се овозможи целосно снимање на сигналот кој влегува во микрофонот како и на сигналот од звучникот.

Технолошкиот напредок оди дотаму да повеќе нема сигурност и тајност и е добредојденво ваквите случаи кога треба да се обезбедат докази за одредени криминални дејствија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марија Митева и Каја Шукова вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марија Митева и Каја Шукова

  Марија Митева и Каја Шукова вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Долгорочната напнатост може да влијае на срцето, имунитетот и сонот, а експертите откриваат едноставни техники што може да помогнат во урамнотежување на телото и умот.

 Стресот го уништува организмот, а повеќето тоа не го забележуваат: Стручни лица откриваат 3 едноставни начини да го победите

Современиот начин на живот, исполнет со бројни обврски, неизвесност, постојано брзање, сè почесто доведува до хроничен стрес што може сериозно да го наруши здравјето. Според стручните лица, долготрајната психичка напнатост не влијае само на расположението, туку и на работата на целиот организам - срцето, крвните садови, хормоналниот систем, системот за варење, имунитетот и врз квалитетот на сонот.

Бројни истражувања покажуваат дека долготрајното изложување на стрес го поттикнува лачењето на кортизол, хормон поврзан со покачување на крвниот притисок, нарушување на шеќерот во крвта и зголемена телесна тежина, послаб имунитет и проблеми со спиењето. Затоа лекарите и психотерапевтите ја нагласуваат важноста за навремено препознавање на симптомите на стрес и наоѓање начини за негово контролирање.

Длабоко дишење за брзо смирување

Меѓу најефикасните методи се издвојуваат техниките за длабоко и бавно дишење. Тие често се користат во психолошката пракса како дел од стратегиите за намалување на анксиозноста.

Психотерапевтите објаснуваат дека правилното дишење го активира парасимпатичкиот нервен систем, при што пулсот станува побавен, организмот се опушта и се враќа чувството на внатрешен мир.

Моќта на позитивната имагинација

Водената имагинација, односно замислувањето пријатни и сигурни места, е уште една од техниките за ублажување на стресот. Овој метод често се користи во психотерапијата, но и како техника за самопомош. Визуелизирањето на пријатни ситуации може да доведе до полесно соочување со секојдневните предизвици.

Опуштање преку шаките и прстите

Благото стимулирање на шаките и прстите се применуваат во различни техники за релаксација и масажа за да се намали мускулната напнатост и за опуштање.

Стручните лица истакнуваат дека редовното управување со стресот не е луксуз, туку е важен дел од грижата за здравјето. Дури и неколку минути дневно посветени на релаксација може да го подобрат расположението, сонот и отпорноста на организмот при секојдневните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!

„Не сакав да платам ни цент“

 Авиокомпанијата „Ryanair“ сакала да ѝ наплати 80 евра за куфер, нејзиниот потег е апсолутен хит!

Зa да избегне плаќање на такса за багаж на аеродромот, една жена посегнала по екстремно решение и ја облекла целата облека од куферот. Карла Брунела (27) од Шпанија, облекла шест слоја облека откако ѝ било кажано дека нејзината торба е преголема за да помине како бесплатен личен багаж. Таа летала со „Рајанер“ од Верона до Манчестер и за нејзиниот рачен багаж требало да плати 70 фунти (околу 81 евро).

„Не сакав да платам ни цент“

Наместо да ја плати таксата, Карла одлучила да облече што е можно повеќе облека пред да помине низ безбедносната контрола. Нејзиниот лет во мај чинел 43 фунти (околу 50 евра). „Кога сфатив дека торбата не се вклопува во калапот за мерење, почнав да се смеам. Некако знаев дека тоа ќе се случи затоа што претерав во Верона“, раскажува таа.

„Кога отидов да ја земам картата за влез во авионот, службеникот ми рече дека мојот рачен багаж е преголем и дека морам да платам или да го намалам за да одговара на димензиите. Идејата ми дојде спонтано. Само знаев дека не сакам да платам ни цент повеќе. Единствената опција беше да носам сè на себе“, додала таа.

Жешко и непријатно искуство

Карла, која работи во областа на менталното здравје, на крај носела шест комбинации облек додека се приближувала кон портата за влез во авионот. „Беше жешко и заморно. Се чувствував чудно, а луѓето ме гледаа. Се соблеков штом ја поминав контролата на излезот, пред да се качам во авионот“, го опишала таа своето искуство.

„Бев толку среќна што не морав да платам казна. Мислам дека некогаш не би платила дополнителна такса за да пријавам багаж“, заклучила таа.

Реакциите на интернет се поделени

Карла на социјалните мрежи го споделила видеото на кое таа носи слоеви облека на аеродромот, а видеото било прегледано повеќе од 455.000 пати. Реакциите беа поделени. „Значи, заштедивте десет евра? Имате со што да се фалите“, гласеше еден коментар.

Друг корисник кратко ѝ порача: „Едноставно, плати си“. Имаше и такви кои го поддржаа нејзиниот потег: „Сигурна сум дека ви беше жешко, но сепак тоа е паметен потег“. Еден коментатор се пошегува за другите патници: „Жал ми е за лицето што седело до вас до крајот од летот“. Некој друг забележа: „Таа торба ни приближно не одговара на рачен багаж“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер