Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
1Косовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила
3Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Македонија360 : Чудна коинциденција - СЈО отвора истрага на 13 октомври, реклама на 1ТВ две недели подоцнаПорталот 360 степени денеска објавува детализ а чудната коинциденција меѓу почетокот на иастрагата на СЈО и објавувањето на реклама за гевгелиска фирма на 1ТВ , каде сопственик е еден од осомничените за случајот ,,Поштенска банка”.Истрагата за случајот „Поштенска банка“, за која обвинителката Лиле Стефанова во денешната изјава тврди дека нејзината шефица Катица Јанева барала да се затвори само со паричен надомест за државата и без затворски казни, се однесува на кривичното дело перење пари и други приноси. Меѓу осомничените е бизнисменот Томе Главчев – сопственик на „НОЕЛ Гевгелија“ и други фирми. Две ипол недели по обелоденувањето на истрагата (13 октомври 2018 г.), за фирмата на Главчев осамна пи-ар текст на сајтот на телевизијата „1“ ,(29 октомври 2018 г.) во кој е прикажана како успешна македонска бизнис-приказна. Во пропагандниот текст, кој се уште е достапен на интернет-страницата, се вели и дека Главчев е исклучителен пример за успех во бизнисот и дека имал активна свест за општествена одговорност. Во изминатите месеци на „1 тв“ редовно се емитуваше и реклама за „Ноел“ Гевгелија, позната по производство на кошули. Во случајот „Поштенска банка“, судот по барање на СЈО го замрзна имотот на сите опфатени со истрагата, вклучително и имотот на Главчев и на неговите фирми, но со исклучок на еден стан. Незамрзнатиот стан на Главчев, како што објави порталот „А1 Он“, го купува екс-директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, кој пак важи за близок до шефицата на СЈО Јанева. Василевски станот го купил на 30 октомври 2018, што е 17 дена подоцна од отворањето на истрагата „Поштенска банка“, каде осомничен е и сопственикот на фирмата Томе Главчев. Извори од СЈО за порталот кажале дека Јанева не побарале замрзнување и на тој стан со образложение дека наводно се работело за проблематичен објект. Во февруари годинава, по предлог на Јанева, Судот одлучил да му го врати пасошот на осомничениот Томе Главчев и да го ослободи од обврската да се јавува еднаш неделно во судот. Во замена за укинување на ваквата мерка, Главчев поднел парична гаранција. Случaјот „Поштенска банка“ денеска обвинителката од СЈО Лиле Стефанова го спомена меѓу двата за кои Јанева барала да се затворат со спогодби и без затворски казни. „На 16 април 2019 година, во канцеларијата на Катица Јанева беше одржан состанок на кој таа изнесе одредени одлуки пред присутните обвинители, а кои се однесуваа на дејствија во предметите Империја и Поштенска банка. Конкретно, ни беше наложено, најкасно до 06 мај 2019 година, до неа да доставиме писмени извештаи за штетата во двата предмет кои осомничените траба да ја платат на државата, по што предметите „да бидат тука затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“. Меѓутоа, јас и обвинителот Бурим Рустеми изготвивме писмени извештаи во кои покрај износите на штетата, ги наведовме и можните затворски казни согласно Кривичниот законик во случај на спогодување со јавниот обвинител“, се вели во писмената реакција на обвинителка Стефановаденеска, откако таа беше спомената во аудио разговор за рекетот во „Империја“., пишува порталот 360 степени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаКосовец и неговата сопатничка се тешко повредени во сообраќајка на Скопската обиколница- се судриле три возила На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа.На 27.11.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје е пријавено дек на автопат „Мајка Тереза“, во близина на клучка Радишани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.И.(31) од Скопје, патничко возило „ауди“ со косовски национални ознаки, управувано од А.Љ.(59) од Косово и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, запрено од Ш.Ш.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „ауди“ и неговата сопатничка Ф.Љ.(63) од Косово, додека со телесни повреди другите двајца возачи П.И. и Ш.Ш., констатирани во Ургентен Центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“, Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ и Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Црна хроникаУапсен е тетовец, кој ја подведувал својата невенчана сопруга на проституцијаНа 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово.На 27.11.2026 во 20:20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Н.К.(40) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна сопруга. Исто така, според пријавеното, тој ја принудувал да оди со други мажи и да не се враќа без пари дома, а парите што ги имала од питачење била принудена да му ги дава. За настанот бил известен Центарот за социјални работи Тетово кој ќе се погрижи за нејзино сместување, а тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“.Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денеска ги посети средношколците кои учествуваат на натпреварот на идеи за идни бизниси, во организација на „Бреинстер Некст“, на кој младите имаат можност да се докажат како потенцијални идни претприемачи и иноватори. На натпреварот учествуваат ученици од јавни и приватни средни училишта, кои преку своите идеи нудат решенија за различни општествени предизвици од областа на технологијата, екологијата, образованието и други сфери. „Навистина е одлична идејата и организацијата на овој натпревар. Имав можност да запознаам многу млади и талентирани ученици кои размислуваат критички, иновативно и претприемачки. Особено радува тоа што покрај креативноста, покажуваат и натпреварувачки дух, самодоверба и подготвеност да ги презентираат своите идеи, но и да се борат за нивна реализација“, истакна Јаневска. Таа посочи дека натпреварот отвора конкретни можности за претворање на ученичките идеи во реални бизнис проекти, имајќи предвид дека „Бреинстер Некст“ ги поврзува учесниците со бизнис заедницата и обезбедува награда од 1 милион денари за победничкиот поединец или тим. „Ваучерот е значајна можност за започнување сопствена стартап компанија и развој на сопствен бренд, но и за интегрирање на бизнис идејата во веќе постоечка компанија или поврзување со потенцијални коинвеститори“, додаде Јаневска. Од 650 пријавени проекти, 60 се пласираа во потесниот круг од натпреварот, министерката им посака успех во денешното претставување и пласман во утрешното финале, посакувајќи победа на најкреативната и истовремено остварлива бизнис идеја. Јаневска упати благодарност до раководството на „Бреинстер Некст“ за поттикнувањето на младите и поддршката на нивната едукација, нагласувајќи дека соработката со образовните институции и приватниот сектор е важна за унапредување на образовниот систем. „Верувам дека добрата соработка која ја започнавме преку заедничката заложба за интегрирање на вештачката интелигенција во училиштата, ќе продолжи и во иднина. Заеднички можеме да одговориме на бројни предизвици и да придонесеме за развој на националниот образовен систем“, порача министерката. Министерство за образование и наукаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter