СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
2СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице
МакедонијаПоради Шпанија во НАТО ќе влеземе следната година?Политичката криза во Шпанија може да го одложи полноправното членство во НАТО.Неможноста на вршителот на должност премиер на државата, социјалистот Педро Санчез ни при второто гласање во тамошниот парламент не успеа да обезбеди мнозинство за состав на нова влада. Според тамошните закони почнува да тече рокот од два месеца во кој ќе се направи обид да се формира мнозинство, а ако тоа не се случи земјата ќе оди на повторени избори. Тука е и проблемот за земјава. Ако има нови, а според последните информации од Шпанија тоа најверојатно и ќе се случи на 10ти ноември,, тамошниот парламент нема да може полноправно да одлучува, а со тоа и нема да може да ратификува протоколот за нашето членство во Алијансата. Ова во реалноста би значело дека место на самитот во Лондон кој треба да се одржи во декември, земјава би станала дел од алијансата еден или два месеци подоцна. Според извори на Канал 5 и во ова сценарио под некаква опасност не се става членството, туку едноставно ќе се пролонгира за најмногу 60 дена. Вакви случаи имало и во минатото, имајќи во предвид дека протоколот треба да добие зелено светло во 29 парламенти, а многу е веројатно дека некои од тие 29 нема да биде во политичка можност во секој момент полноправно да одлучува. Дополнително во наш прилог оди и информацијата дека пред две недели шпанската влада, по итна постапка го пратила нашиот протокол на гласање во парламентот, се цел внатрешната политичката криза да не влијае врз проширувањето на НАТО. Дали ќе гласа парламентот пред да се распушти засега е под знак прашалник. Оптимист дека нема да има одложување на нашето членство има кај поранешниот амбасадор во Алијансата Нано Ружин. Што се однесува за почетокот на преговори со ЕУ, ситуацијата во Шпанија на никаков начин не може да влијае врз одлуката на Советот за отворање на првите поглавја со земјава, која владата во Скопје очекува да се случи веќе оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВЛТ навива: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“По враќањето во елитното европско натпреварување, РК Вардар 1961 продолжува со големите предизвици во Лигата на шампионите.„Црвено-црните“ вечерва, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат францускиот Нант во натпревар од 2. коло. По петгодишната пауза од Лигата на шампионите, секој европски натпревар за Вардар носи посебна енергија. Кога се игра пред домашната публика, „Јане Сандански“ повторно станува место каде што ракометот, емоцијата и навивачката страст се спојуваат во едно. Нант е сериозен европски противник, но Вардар низ својата историја повеќепати покажал дека на домашен терен знае да одигра големи натпревари. Поддршката од трибините ќе биде важен дел од атмосферата во која „црвено-црните“ ќе го бараат патот до нов европски успех. Како партнер и силен поддржувач на клубот, Видеолотарија Касинос Австрија и овојпат е со Вардар, со поддршка за тимот во новата европска сезона. Пред големиот ракометен дуел, Вардар подготвува вистински спектакл и за своите навивачи. Два часа пред почетокот на натпреварот, од 16:45 часот, на платото пред СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворена голема црвено-црна фан-зона за сите љубители на Вардар. Посебно место во фан-зоната ќе имаат двата трофеи од Лигата на шампионите, освоени од Вардар во 2017 и 2019 година. Пехарите ќе бидат изложени за навивачите, кои ќе имаат можност да се фотографираат со највредните трофеи во историјата на клубот. И тимот на ВЛТ ќе биде тука, заедно со вардаровите навивачи.Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Времето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другитеВремето на СДС и ДУИ заврши, така треба да заврши и заштита на Филипче, Заев и другите од нивните инсталации во правосудството.Јавноста со години е сведок и гледа како правосудството, кое само себе се доведе до 2% доверба, не постапува еднакво кон сите. За едни, со тешки криминални дела и скандали, како на Венко Филипче за модуларните е заштитник, други експресно гони и суди и за мали прекршоци. Едни од заштитените од правосудните органи, несомнено, се корумпираните и криминални структури во СДС и ДУИ, како што Венко Филипче, Зоран Заев, роднините на Ахмети и такви како нив. Секогаш кога трагите за криминалот водат кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, се активираат нивните инсталации во правосудството и правдата стои во место, истраги нема, обвиненија паѓаат, се укинуваат пресуди. Не може за трагедијата со 14 жртви во модуларната болница во Тетово да нема виновници, за случајот Ласкарци со 16 да се укине пресудата, а за случајот Мазут тежок 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Тоа не е правдата која граѓаните ја бараат и очекуваат, тоа е правда која штити поединци. На инсталираните и мал дел од корумпирани судии и обвинители, кои во време на власт на СДС и ДУИ, работеа по принципот за едни законот важи веднаш, а за луѓето блиски до овие партии секогаш да имаат изговор, одложување или заштита, треба да им е јасно дека нивното време одамна заврши. Македонија заслужува независно и професионално судство и обвинителство, а не политички бастион во кој одлуките зависат од партиските и бизнис интереси на СДС и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за систем во кој нема недопирливи, нема привилегирани и нема да има заштитени. Правда и одговорност мора да има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лицеОтворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите. Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен. Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите. Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар. Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките. Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон? Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон? Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета? Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен. Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка? Дали е платен данок воопшто? Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок? Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи. Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат. Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“. СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство. Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите. Доаѓа времето на вистината и правдата. Скопје, 16.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter