Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул - Канал 5

Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул

Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија.

Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

- Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата, изјави Каракачанов.

Тој вели дека со внимание ја следата аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.

Такво нешто нема, кажувам најодговорно. Не сакам да навлегувам во детали но кажувам дека Бугарија не учествува во тој внатрешно – политички проблем на Македонија. Каде се наоѓа во моментов господинот Камчев јас не знам. Но дефинитивно тој скандал создава реакција во Македонија.

Дека Бугарија и тамошниот премиер Бојко Борисов немаат никаква врска со случајот, тврдеше и премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската БГНЕС.

Целта и на двете земји како што рече премиерот Заев е Македонија и Бугарија да ги продлабочуваат добрососедските односи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силни американски напади врз Иран. Итен одговор: „Регионот ќе стане пекол“

САД започнаа нова рунда напади врз повеќе цели во Иран преку ноќ, соопшти американската војска, додека претседателот Доналд Трамп вети повеќе напади доколку не се постигне мировен договор.

Силни американски напади врз Иран. Итен одговор: „Регионот ќе стане пекол“

Иран одговори со контранапади врз американски цели во Кувајт и Бахреин.

Висок ирански воен функционер издаде остро предупредување до САД и нивните сојузници, велејќи дека Иран би можел „да го претвори целиот Блиски Исток во пекол“ доколку се наруши безбедноста во Ормутскиот теснец.

Заканата доаѓа откако Корпусот на иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека теснецот е „затворен за сите бродови“ како одговор на новите воздушни напади на САД, тврдење што американската војска брзо го негираше, тврдејќи дека поморскиот сообраќај се одвива нормално.

„Го правите светиот Ормутски теснец небезбеден?! Ќе го претвориме регионот во пекол за вас, и од територијата на целиот Иран“, рече командантот на воздухопловните сили на Револуционерната гарда, Сејед Маџид Мусави, како што објави полуофицијалната новинска агенција Мехр на Иран рано утрово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло со температура до 33 степени, утре повремени врнежи од дожд

Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. 

Сончево и топло со температура до 33 степени, утре повремени врнежи од дожд

Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.

Температурата низ државата се очекува да се движи од 10 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје, температурата ќе се движи од 15 до 33 Целзиусови степени.

Утре се очекува засилен, долж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец – над 60 километри на час, а дневната температура да опадне од 5 до 7 степени.

Во деновите од викендот, според најавите на УХМР, времето ќе биде стабилно и посвежо. Температурите од понеделник повторно ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗС: Пожарот над Штип е локализиран

Пожарот што избувна на патот кон градските гробишна во месноста Плуждино кај Штип  синоќа е локализиран, информираат утрово од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

ДЗС: Пожарот над Штип е локализиран

Во гаснењето на пожарот, како што велат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), биле вклучени 20 пожарникари од штипската Територијална противпожарна единица кои интервенирале со четири возила, 10 доброволци со четири возила од Противпожарното друштво-Штип, а помош имале и од шест пожарникари со две возила од Кочани и од една екипа од Свети Николе.

Брзата интервенција на пожарникарите го запре пожарот кој се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре, а кој поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер