Македонија и Бугарија парафираа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Спасовски изрази задоволство од поддршката што Македонија ја добива од Република Бугарија за интеграција  во НАТО и ЕУ, за Каракачанов денешното потпишување на договорот претставува чекор напред во унапредувањето на соработката и односите меѓу двете држави. Тој ја искористи можноста во име на владата во софија да ја повтори ставот на Република Бугарија за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Сметам дека уште оваа есен ќе имаме добри вести за Македонија по однос интеграцијата во ЕУ, отпочнување преговори за членство, процес што ќе продолжи, но јасно ќе ја зацрта трасата на Македонија на патот кон европските вредносни системи и европското семејство, рече Каракачанов истакнувајќи дека Бугарија не се откажува од политиката да ги поддржува сите држави од западен Балкан во нивните евроатлански интеграции. Трговијата со луѓе е тема за која европските институции не само говорат, туку и преземаат активности оттаму што се работи за кривично дело против човекот. Соработка меѓу двете држави по тоа прашање имаше и досега, најмногу во рамки на министерствата за внатрешни работи, но со овој документ двете држави ја потврдуваат решеноста категорично заеднички да работат во спроведувањето на европската политика за борба против тој порок во двете општества, рече Каракачанов.

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Дваесет и четири крводарители од Куманово, од кои четворица повеќекратни денеска даруваа крв на вонредната, втора по ред летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот Крст – Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– И оваа акција е успешна, оцени стручниот соработник за крводарителство, Ива Младеновска.

Во првите шест месеци од годинава од јануари до јуни се одржале 25 крводарителски акции на кои крв дарувале 1.324 крводарители, од кои 1.053 мажи и 270 жени./МИА

Димковски: Ако отстрелот биде задоволителен, војската нема да се активира

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе ги следи најавените акции за отстрел на диви свињи викендов.

За Канал 5 вели дека ако ловџиите го исполнат голем дел од предвидената квота, има простор да се ревидира рокот.

 Со министерот Димковски  колегата Игор Манасиевски разговараше и за откупните цени и распределбата на картички за зелената нафта.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер