Златна арена за режија на Теона Стругар Митевска

Македонската режисерка Теона Стругар Митевска ја доби наградата Златна арена за најдобра режија на филмскиот фестивал во Пула.

- Со огромна радост ви соопштуваме дека филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија" на Теона Стругар Митевска на штотуку завршениот 62 Филмски фестивал во Пула ја доби Златната арена за најдобра режија. 

Петочленото жири едногласно и ја има доделено оваа награда на Теона Стугар Митевска, образложувајќи дека "прецизната препознатлива режисерска работа успева целосно да го вовлече гледачот во настаните, карактерите, случувањата и општествените околности во филмот ".Ова е веќе седма награда за филмот на меѓународната сцена, а фестивалскиот живот воопшто не стивнува. Петрунија продолжува во месец Јули со својот фестивалски живот, присутна на девет фестивали низ целиот свет. По Пула, Петрунија го отвори филмскиот фестивал во Одеса, Украина, од таму е филм на отварање на Мотовун Филмскиот фестивал во Хрватска, а потоа настапува во конкуренција на Авторскиот филмски фестивал во Палич, Србија, па во Кина и Нов Зеланд, напишаа од продукцијата Митевски.

Поранешни вработени од „ОХИС" повторно на протест во Скопје

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис", која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. 

Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис".

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. /МИА.

Српски и турски државјнин приведени на меѓународниот аеродром Скопје

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А" (апси).

Како што денеска информираат од МВР, во 17,30 часот вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" на влез во нашата држава, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка "А" (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

– На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин "Меѓународен аеродром-Скопје", на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка "Aпси". Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа

 Во Берово отворен јавниот повик за учество во програмата Општинско-корисна работа. 

Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности," имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост. Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.

-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.

За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Согласно јавниот повик за периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа", тие не го губат статусот на невработено лице, при што се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово со цел почитување на обврските согласно законот. На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 

притисни ентер