Тензиите меѓу Велика Британија и Иран се зголемуваат

Тензиите во Орумскиот теснец се зголемуваат откако Иран заплени два британски танкери, а Велика Британија се закани со сериозни последици.

Обединетото Кралство денеска им препорача на британските бродови привремено да го избегнат теснецот по задржувањето на танкер под британско знаме од страна на иранските власти, објавија француските медиуми .

Иран почна со официјална истрага за танкерот за нафта со британско знаме„Симеон имперо“, кој беше запленет од страна на Иран. Техеран  објави дека еден од танкерите бил запленет поради инцидент со рибарски брод. поради истрагата, целиот екипаж од 23 члена ќе остане на бродот.

Британскиот премиер стриже овци, вози формула, продава колачи, игра фудбал...

Британскиот премиер Борис Џонсон изјавил дека ќе се бори за секој глас до парламентарните избори во четврток.

Неговата Конзервативна партија, според последните анкети, води пред лабористите, а за тоа така да остане се потруди и самиот Џонсон, кој правеше различни работи за да им се допадне на граѓаните.

Џонсон последните денови ги посети, рибарите, слаткарите, трговците, играше фудбал, возеше формула, стрижеше овци.

СДСМ: Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има незаконски долг од 400.000 евра

Портпаролот на Никола Груевски, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека неговата ВМРО-ДПНЕ има незаконски долг од 400.000 евра за кампањата на Гордана Сиљановска.

Спротивно на членот 71 од Изборниот законик каде што јасно стои дека  сите трошоци за кампањата исклучиво ќе се покријат од средствата на таа сметка.

Сметката е затворена а незаконскиот долг од 400.000 евра не може да се врати од друга сметка. Прашање е зошто тие фирми молчеле за овој долг и тоа е нова димензија на оваа афера. 

Скандалот, најновата афера во ВМРО ДПМНЕ мора да се расчити, особено што е поврзан и со фирми на Орце Камчев, осомничен во предмети на СЈО.

Мицкоски денеска призна дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со старите криминални навики, сметки за изборни кампањи полни со долгови, исто како во времето на Груевски и дупката од 3.5 милиони евра. 

Сега, Мицкоски треба да се охрабри и да одговори што финансирале фирми на Орце Камчев за ВМРО ДПМНЕ? 

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Со секој нов ден на виделина испливуваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е случајот и со Законот за употреба на јазици со кој Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со месеци ги плашеа граѓаните. 

Денес, се покажа дека никој нема да плаќа казни ако не знае албански, дека никој никој не е принуден да учи албански или каков било друг јазик, дека институциите не се блокирани заради Законот за употребата на јазиците, како што со месеци лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски работи по директивите на Груевски, дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозициската партија предводена од Мицкоски е заглавена во деструктивната матрица на лажни вести и незаконско работење и затоа на 12 април граѓаните уште еднаш ќе ги поразат нивните погубни политики и ќе потврдат дека сме на прав пат.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Кривична пријава против тројца скопјани за злоупотреба на службената положба

Поднесена кривична пријава против тројца скопјани, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П.(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото за метеорологија поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување".

– Н.П. изготвил и потпишал потврда за отворање на постапка за идентификација, со која на жител од Кичево, лице му потврдил статус „Државјанин на РМ кои се враќаат од странство" а која се однесува за товарно возило кое не ги исполнувало законски предвидените ЕУРО стандарди а потоа в несол податоци од негов колега без негово знаење и согласност. М.Т. како раководител во Бирото за метрологија ја потпишал изготвената потврда без да се увери дека нема потпис од изготвувачот иако, копијата од странската сообраќајна дозвола не била заверена на нотар. И.Т. во својство на помошник раководител во Бирото, нелегалната потврда ја потпишал и ја заверил со службен печат од Бирото за метеорологија информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски. /МИА

притисни ентер