Драмата „Каде е пиштолот" на Народниот театар од Охрид вечерва на „Охридско лето"

Програмата на годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето" продолжува со вечерашната изведба на театарската претстава „Каде е пиштолот" во изведба на Народниот театар од Охрид.

„Каде е пиштолот?" е модерен сатиричен текст со силна егзистенцијалистичка позадина, создаден во седумдесеттите години од минатиот век. Во својата срж текстот се занимава со човековата дуална природа, играјќи помеѓу позициите на опресор и потчинет низ петте ликови кои го носат дејствието.

Зборот „пиштол" предложен уште во насловот не е ништо друго туку театарски знак, систем на апстракции, симбол на моќта на насилство – кого ликовите го користат за да ги тероризираат останатите. Местото на дејство е затворен простор, во кој гледаме четворица луѓе што седат и петтиот како вперува пиштол во нив. Четворица од нив секогаш сакаат да излезат надвор од собата, а петтиот секогаш ќе се чувствува добро внатре. Тоа е оној кој е со пиштолот. Изворот на сите проблеми е токму тој – пиштолот. Пиштолот би можел да има и понаква намена, но не во овој случај. Tажно e, но овде не е можно да живеете без пиштол!

Режисерската поставка на претставата е на Дејана Николовска, втората Македонка која има завршено театарска режија во Москва на ГИТИС, Руската академија за театрска уметност (после Иван Поповски). Освен театарот како основна професија и позив, се занимава и со филм. Најзначаен филмски проект е снимањето на серијалот „Именденот на Татијана" (220 епизоди) за Првиот канал на Руската Националана Телевизија. Исто така има големо искуство во шоу бизнис индустријата како режисер во RosArt Group production company во Москва.

Улогите во претставата ги толкуваат актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Стрезо Стаматовски.

Претставата ќе се игра на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев" со почеток од 21 часот. /МИА

Турција уништува град стар 12 илјади години со изградба на брана

Секој ден стотици луѓе гледаат од бреговите на Тигар во југоисточна Турција, како пред нивните очи исчезнува древниот , 12000 години стар град Хасанкеиф , поради изградбата на брана.

Поради изградбата на гигантската брана Илису со височина од 135 метри, 80 километри од градот населен со милениуми, Хасанкејф , кој заедно со околните области ќе биде поплавен.

Поради проектот Југоисточна Анадолија од страна на владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за економското закрепнување во најнеразвиениот дел од земјата, ќе бидат раселени 80.000 луѓе од 199 села и една неизбришлива урбана населба што ги поврзува модерните времиња, средниот век и  антиката ќе исчезнат под незапирливата моќ на водата.

Површината на езерото треба да биде на 60 метри над денешното средно ниво на Тигар, што значи дека ќе бидат поплавени 80 проценти од Хасанкејф и околните населби, вклучувајќи 300 историски места што сè уште не се истражени.

Соседниот Ирак има сериозни забелешки на проектот, плашејќи се дека изградбата на браната може да го загрози снабдувањето со вода од Тигар.

Некои аналитичари заклучуваат дека Ердоган планира да го користи системот на браната Еуфрат и Тигар за да го контролира снабдувањето со вода не само во Ирак, туку и во Сирија, како средство за политички притисок.

Ирачките активисти предупредуваат дека оваа брана ќе го намали протокот на Тигар во Ирак за 40 проценти, дека квалитетот на водата ќе се влоши, ќе стане посолена  и  следствено, несоодветна за пиење и наводнување во Ирак.

Во областа каде што се гради браната, населението главно го сочинуваат Курди со само малку Асирци. До осумдесеттите години на минатиот век, традиционалните пештери покрај реката биле населени со Асирци и Арапски Христијани, но тие потоа емигрирале главно во Германија, Франција и Швајцарија, заради војната на турската влада против Курдистанската работничка партија (ПКК).

Изградбата на браната започна во 2006 година и Германија, Австрија и Швајцарија беа подготвени да учествуваат во проектот, но сите три земји ја повлекоа својата финансиска поддршка во јуни 2009 година.

Браната Илису ќе произведува 1200 мегавати електрична енергија и ќе биде четвртата по големина брана во Турција по однос на производството на енергија.

Владата донесе мерки за превенција од корона вирусот за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните

Владата одлучи и да формира Мултиетнички Центар за третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром во Тетово како проект од програмата за соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Владата на денешната седница, врз основа на препораките на Кризниот штаб за справување со „корона" вирусот на Министерството за здравство, и на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, донесе повеќе заклучоци од интерес за заштитата на јавното здравје и здравјето на граѓаните.

На седницата е утврден заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и Граничната полиција, Центарот за управување со кризи и Секторот за односи со јавноста во Владата.

Овој центар ќе воспостави тесна соработка со медиумите во земјата, и ќе има за цел да ги прибира сите релевантни информации и со цел навремено, точно и најсоодветно информирање на јавноста за превенција и заштита на населението од ширење на корона вирусот, како и за постапките и институционалната рамка во делот на лекувањето на последиците од вирусот.

Владата донесе заклучок да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од Северна Италија само  преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.

Владата му наложи на Министерството за здравство итно да набави соодветна количина на заштитни средства (маски, ракавици, дезинфекциски средства и заштитна облека) за институциите од системот за Интегрирано гранично управување и за другите институции со цел заштита на персоналот.

Исто така, Министерството за здравство треба итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети.

Владата донесе одлука да ги задолжи сите основни и средни  училишта, како и сите универзитети да ги одложат сите предвидени патувања и екскурзии во  Италија, како и да  организира едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје.

Меѓу заклучоците на Владата за превенција и за справување со опасностите, на граѓаните на земјата им се препорачува да не патуваат во Италија и во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.

Меѓу заклучоците од 11-тата седница на Владата е и препораката до установите за згрижување на деца од предучилишна возраст да преземат мерки за соодветен третман за дезинфекција на обувките при влегување во градинките.

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на проект Мултиетнички Центар за третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром во Тетово.

Проектот се реализира во рамки на билатералната соработка за постигнување на целите на среднорочната програма 2016 – 2020 со која се промовира развојна соработка меѓу Република Македонија и Бугарија, која се остварува од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје во насока на зајакнување на соработката и партнерството на граѓанското општество и државните институции од  Македонија и Бугарија и е придонес на Република Бугарија во европската перспектива на Македонија.

Вкупната вредност на проектот е  122.710 евра, а Мултиетничкиот Центар за третман на деца со аутизам АДХД и Аспергеров синдром ќе биде сместен во рамки на одделот за физикална медицина и рехабилитација во ЈЗУ Клиничка болница Тетово. За проектот веќе се предвидени простории од 200 м2 кои ќе бидат доделени на користење на Здружението за грижа на лица со аутизам, АДХД и синдром на Аспергер „Во МОЈОТ СВЕТ" кои се избрани и назначени за спроведувач на проектот од страна на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

На денешната седница е разгледана и усвоена информација за подготовка на Шеснаесеттиот состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Европската Унија и Македонија, кој ќе се одржи на 17 март 2020 година во Брисел.

За претседавач на Поткомитетот од страна на Владата  е определен заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, кој заедно со претставниците на Генералниот директорат за соседска политика и проширување ќе го опфати усогласувањето на политиките на Македонија во поглавјата Транспортна политика, Енергетика, Трансевропски мрежи, Регионална политика и координација на структурни инструменти и  Животна средина и климатски промени.

Илјада гости во луксузен хотел на Тенерифе мораат во карантин

Хотел во Тенерифе, најголемиот остров на Канарите, е во карантин и на гостите им е забрането да го напуштат објектот, откако било утврдено дека италијански лекар, гостин на хотелот, бил позитивен.

Околу 1000 гости во хотелот H10 Costa Adeje Palace ќе останат во своите простории сè додека не бидат завршени сите потребни медицински тестови, пренесуваат шпанските медиуми.

Заболениот лекар од коронавирус  е, наводно, од италијанскиот регион Ломбардија, каде властите се борат со растечката епидемија.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера објави дека светот треба да се подготви за можна пандемија, состојба во која оваа заразна болест рапидно се шири во многу земји.

Гостин на хотелот објави денес на Фејсбук слика со порака доставена под вратата на неговата соба.

„За жал, мора да ве известиме дека хотелот е привремено затворен од здравствени причини. Ве молиме останете во вашите простории“, се вели во пораката.

Според локалните медиуми, полицијата не им дозволува на гостите на хотелот да го напуштат објектот.

Лекарот, кој престојувал во хотел со својата сопруга, вчера бил тестиран за коронавирус и бил пренесен во просторијата за изолација во болницата Нуестра Сенора де Канделарија.

притисни ентер