Заев очекува од Мицкоски и Касами да го поддржат Предлог законот за јавно обвинителство

-Веројатно ќе излезат со заеднички став дека е сега време да застанеме и да поддржиме нешто за кое и опозицијата се залага, вели Заев.

Премиерот Зоран Заев очекува дека првите луѓе на опозициските ВМРО-ДПМНЕ  и БЕСА Христијан Мицкоски и Билал Касами ќе излезат со заеднички став од денешната средба што се одржуваше паралелно со неговата прес-конференција во Владата и оти ќе го поддржат новиот Предлог-закон за Јавно обвинителство.

Заев на прес-конференција во Владата, појасни дека со законското решение се предлага Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое ќе добие назив Јавно обвинителство за гонењ организиран криминал и висока корупција./МИА

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

Вонредна летна крводарителска акција во Куманово

Дваесет и четири крводарители од Куманово, од кои четворица повеќекратни денеска даруваа крв на вонредната, втора по ред летна крводарителска акција која се одржа во кумановскиот Центар за култура.

Крводарителската акција е во организација на Црвениот Крст – Куманово и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

– И оваа акција е успешна, оцени стручниот соработник за крводарителство, Ива Младеновска.

Во првите шест месеци од годинава од јануари до јуни се одржале 25 крводарителски акции на кои крв дарувале 1.324 крводарители, од кои 1.053 мажи и 270 жени./МИА

Димковски: Ако отстрелот биде задоволителен, војската нема да се активира

Министерот за земјоделство Трајан Димковски ќе ги следи најавените акции за отстрел на диви свињи викендов.

За Канал 5 вели дека ако ловџиите го исполнат голем дел од предвидената квота, има простор да се ревидира рокот.

 Со министерот Димковски  колегата Игор Манасиевски разговараше и за откупните цени и распределбата на картички за зелената нафта.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

притисни ентер