Сугарески: Динамизирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Известени сме дека се обезбедени средствата, во периодов треба да бидат достапни и сериозно да се динамизира процесот. 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува динамизирање на активностите за изградба на автопатот Кичево – Охрид, откако кинеската „Ексим банка" ги извести надлежните институции дека ќе бидат исплатени резервираните 200 милиони евра од првиот кредит и 180 милиони од вториот кредит. Половина од автопатот, се планира да биде во функција наредната година.

– Известени сме дека се обезбедени средствата, во периодов треба да бидат достапни и сериозно да се динамизира процесот. Планираме наредната година да се обидеме 30-те киометри од Охрид до Врбјани да ги оспособиме и да може да се вози по тој пат. Практично, повеќе од половина од автопатот да биде во функција, а другите согласно со рокот во 2021 година, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на индустриската зона Визбегово.

Тој соопшти дека е при крај ревизијата на проектот за изградба на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце по што Јавното претпријатие за државни патишта треба да распише тендер и да почнат градежни активности. Се работи и на проектирање за останатите 10,5 километри од автопатот што очекува да биде завршено наредната година.

– Последната информација што ја имаме е дека завршува ревизијата на Градежен факултет. Доколку нема забелешки очекуваме Јавното претпријатие за државни патишта да ги тендерира првите два километра. Очекуваме тоа најбрзо да се случи, сме ветиле и апсолутно очекувам првите два километра да бидат почнати. За другите 10,5 километри се работи на проектот, очекуваме наредната година да биде завршено проектирањето за да може по завршување на овие два километри или паралелно со нив да се почне со останатиот дел, изјави Сугарески.

Министерот за транспорт информираше дека се уште траат работните состаноци за Предлог законот за урбанистичко планирање, за кој беа доставени 200 амандмани. – Целта е да направиме закон што од една страна нема да го наруши стопанскиот развој, а од друга страна ќе имаме балансирана заштита на животната средина, зеленилата и друго. Очекувам уште на неколку работни состаноци амандманите ќе бидат разгледани, со цел во најбрз рок да биде донесе законот. Министерството прифати голем дел од забелешките што беа на ЕНЕР, но секогаш може подобро, да ги направиме консензуално со учество на сите политички партии, коморите и еколошките организации, рече Сугарески.

Анализите за приватизација на Македонски железници – Транспорт, како што рече, се уште се во тек и се очекува наесен да има првични информации за начинот и динамиката.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер