Видео: Роналдо како манекен за долна облека

Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо  одлучи малку да заборави на фудбалот и да се проба во улогата на манекен.

34-годишниот Кристијано без многу размислување решил самиот да изрекламира својата нова линија на долна облека. Наместо да ангажира и плати манекен асот на Јувентус се соблекол и ја промовирал долната облека со негов потпис.

На радост на неговите фанови од поубавиот пол Роналдо на фотографии и видеата објавени на социјалните мрежи го покажува своето мускулесто тело со многу малку облека на себе.

-Летото е мојот омилен дел од годината. Заоѓањето на сонцето е мојот најомилен момент. Тоа чувство сакав да го забележам и во новата кампања, користејќи интензивни бои кои ја красат мојата нова колекција. Сакав кампањата да одава чувство на опуштеност, изјавил Кристијано Роналдо при лансирањето на својата нова колекција на долан облека.

Иако неговите манекенски ангажмани понекогаш предизвикуваат подсмев во фудбалскиот свет, Кристоијано долги години одлично заработува токму од овие работи. Мегапопуларниот фудбалер денеска „тежи“ околу 450 милиони долари, само во минатата година Кристијано заработил 108 милиони долари , од кои дури 47 се од спонзорските договори.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер