Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?
2Хутите ѝ се закануваат на светската економија- зошто западните земји не ѝ понагаат на Саудиска Арабија?
ЗабаваВидео: Роналдо како манекен за долна облекаЕден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо одлучи малку да заборави на фудбалот и да се проба во улогата на манекен.34-годишниот Кристијано без многу размислување решил самиот да изрекламира својата нова линија на долна облека. Наместо да ангажира и плати манекен асот на Јувентус се соблекол и ја промовирал долната облека со негов потпис. На радост на неговите фанови од поубавиот пол Роналдо на фотографии и видеата објавени на социјалните мрежи го покажува своето мускулесто тело со многу малку облека на себе. -Летото е мојот омилен дел од годината. Заоѓањето на сонцето е мојот најомилен момент. Тоа чувство сакав да го забележам и во новата кампања, користејќи интензивни бои кои ја красат мојата нова колекција. Сакав кампањата да одава чувство на опуштеност, изјавил Кристијано Роналдо при лансирањето на својата нова колекција на долан облека. View this post on Instagram HighSummer photoshoot collection in the making 🔥 🔥 🔥 #CR7 #CR7Underwear #HighSummer A post shared by CR7 (@cr7cristianoronaldo) on Jul 16, 2019 at 3:28am PDT Иако неговите манекенски ангажмани понекогаш предизвикуваат подсмев во фудбалскиот свет, Кристоијано долги години одлично заработува токму од овие работи. Мегапопуларниот фудбалер денеска „тежи“ околу 450 милиони долари, само во минатата година Кристијано заработил 108 милиони долари , од кои дури 47 се од спонзорските договори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 16. октомври 2026 година Дневен хороскоп за петок, 16. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Во одлична форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
МакедонијаПавле Трајанов и Љупчо Ристовски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Павле Трајанов и Љупчо РистовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПет активности со кои децата нема да бараат мобилен телефон и телевизијаТелефонот, таблетот или телевизорот се најчест одговор на детската досада. Американската педијатриска академија нагласува дека не е важно само колку време децата поминуваат пред екраните, туку и каква содржина следат. Затоа понекогаш е доволно да им се понуди нешто поинтересно. Овие пет активности ги поттикнуваат децата да истражуваат, да прашуваат и откриваат. Прошетка како истражувачка експедиција Прошетката низ паркот станува интересна ако детето добие мала задача, да пронајде три различни листови, да воочи два вида птици, да најде нешто рапаво и мазно или да открие на кое животно му припаѓа одредена трага на земјата. Поентата не е во тоа родителот да ги знае сите одговори, туку детското прашање „зошто“ да покрене заедничко истражување. Домашна лабораторија За мал експеримент не е потребна посебна опрема. Проверете кои предмети лебдат, кои тонат, направете авиончиња од хартија, тестирајте чие лета најдалеку или мешајте ги основните бои. Пред експериментот, детето нека погоди што ќе се случи и нека објасни зошто. Така обичната игра станува мало истражување. Квиз во кој децата можат да ги победат возрасните Изберете омилена тема на детето, космос, спорт, диносауруси, животни, и секој нека спреми неколку прашања за останатите. Може да играте во тимови со бодовна скала или да воведете правило така што секој поен ќе оди кај оној што ќе постави прашање на кое никој не знае да одговори. Таквиот квиз не е испрашување туку игра на знаење и љубопитство. Скриено „богатство“ во станот Неколку ливчиња со траги е доволно за станот да го претворите во мала авантура. Една трага може да води до фрижидерот, друга до полицата со книги, трета до омилените играчки. За помали деца подгответе цртежи и бои, стари ребуси или мали задачи. Богатството не мора да биде големо, туку важна е потрагата. Колекционерски предизвик Децата сакаат да збираат камчиња, фигури, карти или сликички. Штом колекцијата има некаква цел, обичниот предмет станува дел од нешто што е повеќе од игра. На пример, собирањето сликички со животни. Кога детето ќе добие нова сликичка, прашајте го каде живее тоа животно, што прави, или по што е посебно. Сите овие активности имаат една заедничка работа: детето не добива готов одговор, туку мора нешто да пронајде, да праша, да претпостави или да открие, а токму тоа е целта – да го набљудува светот и да поставува прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook