На Стоби откриена скулптура на богот Дионис

Стоби бил крстоница на сите трговски и геополитчки случувања. Ископините ја покажуваат културата на векови живеење и творење во мозаици и амфитеатри. 

Мермерната скулптура на богот на виното Дионис ги воодушевила младите археолози кои во локалитетот Стоби се на летната интернационална школа за теренска археологија. Скулптурата е изработена во третиот век од нашата ера, била пронајдена во урната куќа од шестиот век, а скулптурата била употребна како градежен материјал.

Ваквото богатство го дополнува синонимот на тиквешијата и виното. Богот на виното им донесе среќа од археолозите. Премиерот Зоран Заев и министер за култура  Хисни Исамили ветија дека Стоби ќе остане белег во археологијата и ќе живее со посетата на туристите и жителите на Македонија.

Долниот дом на Конгресот го отфрли барањето за импичмент на Трамп

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли предлогот за започнување процедура за импичмент на шефот на државата Доналд Трамп поради неговите навреди кон четири конгресменки од Демократската партија.

Текстот, поднесен од демократот Ал Грин, беше отфрлен со големо мнозинство (332 наспроти 92 гласа). Тоа го покажува несогласувањето по ова прашање во редовите на демократите, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом.

Првпат од Долниот дом на Конгресот беше побарано да се изјасни околу прашањето за започнување процедура за отповикување на претседателот Трамп, откако тој дојде на власт во 2016 година.

Возач на мотоцикл и велосипедист потешко повредени во сообраќајки во Скопје

Возач на мотоцикл и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 15 сообраќајки што се случиле во текот на вчерашниот ден. 

Во осум со полесни повреди се здобиле 12 лица. Во пет била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 27 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила седум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и 20 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и тројца почетници, пет возачи поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, 17 возачи за не носење заштитен шлем, 10 возачи за не  користење сигурносен појас и девет возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 63 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак", отстранети биле 46 возила. /МИА

Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба

Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави.

Браната Слатино беше сериозно оштетена и имаше потреба од обемна реконструкција. Со 1,2 мил. евра, ЕУ помогна да се намали потенцијалниот ризик од поплави и да се зголеми отпорот кон идните поплавувања. Таа ги поддржа и услугите за наводнување што браната ги обезбедува за локалното население.

На настанот, што е дел од кампањата „ЕУ за ТЕБЕ", кој има за цел да ја подигне свесноста и да ја информира јавноста за помошта што Унијата ѝ ја дава на земјата, најавено е присуство на шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар, претставничката на УНДП Нарин Сахакјан, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески. 

Проектот го спроведе УНДП во соработка со Секретаријатот за европски прашања и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

ЕУ им помогна на земјата и нејзините граѓани да ги надминат последиците од поплавите со тоа што обезбеди 10 милиони евра во изминатите две години. Оваа помош од ЕУ беше наменета за приоритетните потреби и помогна да се реконструира транспортната и водната инфраструктура во најпогодените области, во согласност со принципот за одржливост „Повторно изгради подобро". /МИА

притисни ентер