Пентагон со воена придружба за бродовите во Персискиот залив

Пентагон соопшти дека ќе покрене систем на воена придружба за бродовите во Персискиот залив.

Откако официјален Лондон обелодени дека ирански вооружени чамци се обиделе да запленат британски танкер.

Вашингтон го обвинува Иран за серијата напади врз бродови во една од најважните нафтени транзитни рути.

Техеран ги отфрла ваквите обвинувања.

Ќе има ли ветинг за судиите и обвинителите?

Сите се за ветинг, но сите различно го подразбираат и никој нема јасна концепција кој и како би го спроведувал.. Но, наместо да ги приближуваат ставовите, власта и опозицијата меѓусебно се препукуваат.

Власта и опозицијата се уште далеку од консензус околу ветинг во правосудството. Нема заеднички концепт како да се спроведе и кој треба да се биде опфатен.

Премиерот Зоран Заев вели не се откажува од „прочистување“  на судии и обвинители. Вели тоа граѓаните го очекуваат, но мора да се има предвид дека таквиот процес ќе резултира со сериозен недостиг на кадри во судскиот систем.

За претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на македонското судството му е потребно повеќе од ветинг за да се решат проблемите. Лидерот на опозицијата предлага да се почне со структурни реформи и „прочистување“ на политичките редови.

„Ние треба да обезбедиме структурни реформи кои што ќе донесат навистина реформирано судство и реформирано обвинителство. Но тоа треба да го направиме најпрвин ние како политичари, да се оградиме од било какви влијанија кои што потенцијално во иднина ќе ги направиме. Да понудиме методологија, а потоа да понудиме спреги и кочници кои што ќе вршат мониторинг на работењето на судиите и обвинителите. Тука голема работа и помош треба да очекуваме од невладиниот сектор кој што континуирано ќе ја мониторира работата на обвинителите и судиите“, вели Мицкоски.

Ваквата изјава на Мицкоски денеска од СДСМ е протолкувана како противење на спроведување ветинг на судии и обвиители.

„Јасно е, Мицкоски не сака правда, не сака владеење на правото, не сака профеосналните и чесни судии и обвинители да се одвојат од оние кои се без интегритет и кои професионално ја вршат својата работа. Мицкоски сака само обнова на „Сваровски" судството кое работеше по налози од белиот дворец, кое монтираше судски предмети и диктираше судски пресуди“, вели пратеникот на СДСМ, Бетиане Китев.

Инаку, во изминатите месеци најгласно за ветинг зборуваше ДУИ. Партија веќе подготви и предлог закон за спроведување на ветинг на сите функционери, но и на секој кандидат за функција во иднина. Предлогот им беше доставен на разгледување на партии, но се уште не е пуштен во собраниска процедура.

Филипче: За помалку од 2 години процентот на починати предвремено родени бебиња го намаливме за 50%

За помалку од 2 години процентот на починати предвремено родени бебиња го намаливме за 50%. Тоа е доказ дека политиките на СДСМ во здравството се реални и се темелат на добри анализи и даваат одлични резултати.

Во 2016 година промилот на предвремено родените бебиња коишто починале во раниот неонатален период бил 7,5 промили, во доенечкиот период 12 промили и во перинаталниот период 14 промили, сите овие се далеку над европскиот просек.

Тоа е доказ дека политиките коишто ги водеше ВМРО-ДПМНЕ во здравството беше нереална и инвестиции во непотребни работи, и во светот на неонаталогијата ќе остане запаметена како две бебиња во еден инкубатор.

Тоа што ние го правиме е вистинска инвестиција, прво се надгради знаењето на персоналот коишто работат на интезивната нега, донесовме експертиза од странство - доктори од реномирани европски центри. 

Се воведоа бројни протоколи за работа како што се во сите развиени светски и европски болници. Се примија голем број на доктори и медицински сестри, и сериозно го намалија дефицитот на неонатолози и педијатри коишто работата во овие одделенија.

Се спроведе посебна обука заедно со експерти од ----- и заедно со експерти од Холандија и Германија, коишто работеа на класифицирање на нашите одделенија. Оваа експертиза понатаму се прошири преку специјални обуки на неонатолозите, гинеколозите и акушерите коишто работат на сите родилишта во нашата земја.

Се купи опрема, владата инвестираше 20 инкубатори со цел секое дете биде сместено во посебен инкубатор.

Се инвестираше многу сериозно во нова опрема којашто значително го подобри квалитетот на третман на предвремено родените бебиња, тоа се апарати за неинвазивна вентилација, апарати кои ја поддржуваат белодробната функција кај најмалите бебиња којшто се родени со исклучително мала тежина.

Денес, споредено со 2016 година, раниот неонатален морталитет падне од 7,5 на 3,5 промили. Доенечката смртност од 12 на 6 промили, и вкупниот перинатален морталитет од 14 на 10 промили.

Ова е доказ како се водат здравствените политики. Добро планирано, со добра анализа и со инверстирање таму каде што треба. Пред се во кадарот, опремата и инфраструктурата.

Со ваквите политики СДСМ ќе продолжи  и во иднина, се со цел да го приближиме нашето здравство што повеќе до европското и светски развиеното здравство.

Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ

Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите

Управниот одбор на Здружението на судиите најостро ги осудува нападите врз судството и судиите од било која страна и смета дека тие претставуваат директен притисок врз независноста и самостојноста при одлучувањето и правораздавањето.

Оваа реакција следи откако шефицата на ОЈО за гонење на организиран криминал преку СМС порака испрати критики и закани до судиите во Апелацискиот суд, кои одлучија да ја прифатат жалбата на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, по што таа замина во домашен притвор, во станот на нејзиниот син во Скопје.

-Управниот одбор на Здружението на судиите на Северна Македонија на денешната телефонска седница расправајќи за новонастанатата ситуација во Апелацискиот суд, а по повод конкретна судска одлука, во потполност го поддржува ставот на овој суд изразен од страна на колегиумот на судиите, објавен на веб страната на Апелационен суд Скопје. Воедно Управниот одбор на Здружението на судиите повикува на воздржаност и професионално однесување на сите чинители на правосудниот систем и пошироко, со цел да се даде шанса на правната држава и владеењето на правото, се наведува во соопштението од Управниот одбор на Здружението на судиите. /МИА

притисни ентер