Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)

Празник на врховните апостоли.По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера.

На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Според некои народни верувања Петар и Павле се иста личност, според други, пак, тие биле браќа. Во народното верување Петар бил богат и сербес (кабадахија), а Павле сиромав и праведлив. Меѓутоа, како што е познато Петар не бил брат на Павле туку на Андреј, наречен Првоповикан затоа што бил првиот Христов ученик.

Светиот апостол Петар е роден во селото (според други мало гратче) Витсаида на брегот на Галилејското езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Како верен Христов ученик Петар бил со својот учител во многу прилики во кои не биле другите апостоли како на пр. при преобразувањето (Преображение), при воскреснувањето на Јаировата ќерка и сл. Петар предложил да биде избран нов апостол на местото на Јуда кој по предавството се обесил. Со коцна бил избран Матеј и со тоа бројот на Христовите апостоли пак станал дванаесет. Исто така, по слегувањето на Светиот Дух врз апостолите кога овие се исполниле со него и започнале да зборуваат на разни јазици, а народот помислил дека се пијани, Петар одржал впечатлива беседа кажувајќи дека тие не се пијани туку дека се исполнети со Светиот Дух. По оваа беседа Петар ги повикал присутните да ја примат Христовата вера и само во тој ден се крстиле околу 3000 луѓе.

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим. Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и светиот апостол Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го празнува во ист ден.

Кој бил апостолот Павле? Тој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Роден е во гратчето Тарс, во областа Каликија во Мала Азија. Првобитното јудејско име Савле (што значи измолен) сам го променил во Павле (од римски павлус – мал, малечок). Родителите го дале на училиште и набрзо уште мал станал образован човек. Се занимавал со ќилимарство и од тоа живеел. Кога се појавило христијанското учење бил на страната на еврејските свештеници кои се бореле против оваа вера. Кога дошло до првиот судир во кој загинале многу Христијани и Савле бил на страната на еврејските свештеници, ги фаќал Христијаните и му ги предавал на судот. Учествувал и во каменувањето на св. Стефан Првомаченик, по што му ја зел облеката.

Но еднаш кога патувал за градот Дамаск за и тамо да се бори против Христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој веднаш ослепел и паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?" „Кој си ти?" – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!" – одговорил гласот. „Господе, што да правам?" – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Тамо ќе ти кажам што да правиш!"

Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на Христјанството станал негов најголем афирматор. Откако брзо ја изучил христијанската наука почнал да проповеда по светот и познати се четирите негови патувања низ Мала Азија, Балканскиот и Апенинскиот Полуостров. Заслужен е за покрстувањето на многу луѓе. Пишувал и посланици кои и денес во црквата се користат како свети книги и во нив ги упатувал верниците како треба да живеат за да ја имаат божјата наклоност. И во народниот говор и денес се вели „Од Савле стана Павле", за некоја личност што од голем противник станал приврзеник на одредена дејност.

Со својата активност апостол Павле предизвикувал омраза кај еврејските свештеници кои неколку пати го затворале и мачеле. Бил обвинуван дека народот го поттикнува на непослушност. Еднаш бил предаден на Римјаните и наклеветен по што главата му била пресечена со меч. Поради многуте заслуги светата христова црква го ставила во редот на апостолите. Неговиот празник се празнува заедно со празникот на св. Петар но и посебно, следниот ден на 13 јули (или 30 јуни според стариот календар).

Светиот апостол Павле особено е значаен за нас Македонците. Своето прво патување надвор од Азија тој го направил во Македонија. Тоа започнало во 51, а завршило во 54 година. При своите патувања апостолот Павле организирал нови христијански општини, а старите ги утврдувал во новата вера.

Во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука" што е дел од Светото писмо се истакнува дека кога светиот апостол Павле се наоѓал во Тријада една ноќ имал видение: "…стоеше пред него еден човек Македонец, кој го молеше и му велеше: ‘Премини во Македонија и помогни ни!’ По тоа видение веднаш посакавме да тргнеме за Македонија, бидејќи разбравме дека Господ не повикал таму да го проповедаме Евенгелието. (Дела 16-9,10) Како што стои во ова сведоштво една богобојазлива жена од градот Тиатир по име Лидија прва се покрстила заедно со своите домашни, а потоа ги поканила апостолот и неговите соработници во нејзиниот дом. „Ако сте ме признале за верна на Господа, тогаш влезете и живејте во мојата куќа!" им рекла таа. Потоа и многу други жители на овој град биле покрстени со што се родила првата христијанска општина во Европа. Ете затоа може да се рече дека Македонија е вратата низ која христијанството влегло во Европа. Во Македонија тоа ги совладувало првите тешкотии, се судрувало со старите пагански обичаи и верувања. Тука се добиени и првите битли во походот кон Европа и светот.

На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. И двајцата држат отворени книги. На празникот му претходи Петровденскиот пост чија должина зависи од празникот Велигден. Имено, овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината, започнува од првата недела по Духовден, а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден така и Петровденскиот пост трае различно.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат. Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Интересни обичаи и верувања поврзани со Петровден се забележани во Куманово. Тој ден рано наутро уште пред сонце, оделе во бавчите и нивите, особено оние со бостан и од сите четири страни фрлале ситни камчиња. На тој начин според верувањето засновано на принципот на имитативната магија се влијае врз бостанот многу да врзува и брзо да расте. Исто така бостанот, но и другите култури се прскале со вода од извор за да растат силно како водата што извира. Во овие петровденски верувања интересно е и фрлањето измет од стоката врз бавчите и нивите со земјоделски култури. Изметот земен од местото каде што стоката пладнувала (меризувала), или од пазарот се верува ќе влијае врз родот да биде густ и обилен како што била стоката на тоа место. Во сиве овие верувања, како што може да се види присутна е имитативната магија верувањето дека сличното предизвикува слично.

Во Гевгелиско за јадење на овој ден правеле млечник за да бидат цела година благи како млекото, а во Скопска Црна Гора се верувало дека кој ќе се омрси во Петровденските пости ќе се скрастави. Во овој крај ако било сушно времето на овој ден носеле крсти (литии) и со песната „Крсти носам бога молам" се молеле за дожд.

Павловден жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за од пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и сл. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Според преданието што во Охрид го забележал Е. Спространов „Петре и Павле биле побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј жоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. – Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт"./МИА.

Можни ли се црни сценарија и пресврт на изборите на 8 мај?

Лидерот на СДСМ Ковачевски имал разговори со другите политички партии после претседателските избори, но демантира дека неговата коалиција крои план за бојкот на вториот круг како што тврди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. 

За евентуална политичка одговорност и оставка од лидерската позиција во СДСМ вели дека одлуки се носат во партиските органи, во меѓувреме вели дека пораката од граѓаните за лошиот исход е примена, а за 8 мај се надева на подобар резултат.

-Тоа не е точно, јас вчера имав многу јасна порака на митинзите во Сарај и Чучер Сандево. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на 8 мај и да ги поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Имаме разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на 8 мај,- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ.

Мицкоски на синоќешниот митинг во Кичево кажа дека во противничките штабови се подготвувале две можни сценарија за двојните избори на 8 мај, од кои едното е бојкотирање на претседателските избори, за да не се достигне неопходниот цензус од 40 отсто. Според него, ниту еден план на СДСМ и ДУИ немало да успее, бидејќи очекува масовна излезност на гласачите со зголемување на предноста на ВМРО-ДПМНЕ.

-И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим…- Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ (Кичево, 25,04,2024).

За евентуален бојкот на вториот круг досега нема официјален одговор од партиите од албанскиот блок. Единствено Скендер Реџепи од Европскиот фронт кажа дека за ова прашање ќе се дискутира на нивните идни средби, а дека лично тој не би гласал за ниту еден од двајцата кандидати, бијдеќи досега се покажало дека Македонците не научиле да гласаат за Албанец.

Инаку, за да се постигне цензусот на овие претседателски избори потребно е на гласачките места да излезат повеќе од 725 илјади гласачи. Сиљановска и Пендаровски во првиот круг заедно освоија нешто над 540.000 гласови.

Пожар изби во куќа зад Универзална сала, интервенираа противпожарните екипи

Избегната трагедија во скопски центар, со херојска реакција на соседите во последен момент спасени се 80 годишен маж и неговата сопруга, по пожарот кој избил во нивниот дом позади Универзална сала.

Нивниот сосед Александар Петковски, сопственик на кафеаната од спротива вели само што го виделе чадот, со неговиот вработен без размислување притрчале во помош соочувајќи се со огнот, свесни дека таму живеат повозрасни и изнемоштени лица и дека ќе им треба помош да се евакуираат.

-Тука сме комшии со луѓето, наеднаш искочи некој пожар, почна да се крева некоја паника, ние како комшии, како добри соседи, пријатели, излеговме во пресрет, влеговме во да видиме што се случува таму, наеднаш настана некоја фама, некоја галама, дадовме се од себе им рековме на луѓето да излезат, да им помогнеме, тоа е што видовме, страшно, жално , -Александар Петковски – Сосед.

Куќата чија внатрешност се претвори во пепел, е изградена во 1936 година, а според она што ни го кажаа на терен, сопствениците се сомневаат дека до пожарот дошло поради палење на инсталацијата.

Сопствениците се сомневаат дека пожарот настанал од полнач приклучен во спалната соба, а пламенот се проширил за неколку секунди низ целата куќа.

По само кратко време од пријавувањето пожарникарите, брзата помош и полицијата се појавиле на самото место. Сопствениците биле веднаш прегледани од медицинските екипи, кои констатирале дека се во добра состојба. Пожарникарите пак кои го локализираа огнот, неколку часа се бореа целосно да го изгаснат истиот, а најмногу главоболки им создадоа даските на таванот..

Увид во состојбата направиле и инспектори на О. Центар. Од таму за Канал 5 ТВ велат дека во вакви случаи следува еднократна парична помош, но дури откако МВР и ОЈО ќе ја утврдат причината и ќе направат записник за материјалната штета. По собирањето на комплетната документација, велат, сопствениците можат да поднесат барање до локалната самоуправа.

Поплава на токсикологија, пукнала цевка од парно на третиот кат

Поплава на Клиниката за токсикологија. Од пукната цевка од радијатор час и половина течело вода. 

Дефектот се случил од една во лекарските соби на вториот кат на клиниката. Дежурен доктор повикал помош од вработен од клиниката кој ја успеал да го среди дефектот. Поплавата стигнала и до вториот кат, во сите лекарски соби каде има ламинат, водата поплавила и болнички соби од првиот кат, водата стигнала и до подрумските соби, раскажуваат извори од клиниката за Канал 5. Од министерството за здравство велат дека контактирале со клиниката и им било кажано дека дефектот е поправен.

Извори од клиниката за Канал 5 велат дека ова не е прав ваков дефект и затоа на прес конференција вработени до клиниката бараа да се регагира до економската директорка Бесија Иљази која освен што не ставила потпис за вработување на потребните биолози на клиниката таа не ставила потпис ниту за одлуката каде се барало да се осигура клиниката.

Штета од поплавата има и треба да допрва се калкулира колку ќе ја чини клиниката синоќешната поплава.

По најавата од министерот Илир Демири дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски засега нема таква одлука зошто станува збор за изборен период и нема разрешување. Според министерот, Петровски не сакал да потпише продолжување на работните договори за 18 хонораци.

притисни ентер