Турција и Чешка го ратификуваа Протоколот за членство во НАТО

Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република вчера го ратификуваа Протоколот за членство на  Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот во Турција ја потврди на Твитер и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на  Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува  Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес, напиша Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО вчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

– Убедени сме дека пристапувањето на  Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега дваесеттина земји членки го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО. Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што  Македонија и официјално ќе стаен 30-та членка на Северноатланстката алијанса.

Затворени училишта и попречен сообраќај поради обилни врнежи од снег во Техеран

Отежнато е движењето по улиците, попречен е и воздушниот сообраќај, затворени се училишта.

Обилните снежни врнежи ги обелија улиците во Техеран, отежнувајќи им го на жителите секојдневието во градот, известуваат градските власти.

Снегот започнал да паѓа рано наутро и веднаш го попречил движењето во главниот град.

Сите летови или доцнат или се откажани.

Заради обилниот снег затворени се и сите училишта во главниот град и во некои околни подрачја.

Обилниот снег ќе продолжи да паѓа до утре.

Без струја утре дел од Драчево и Ѓорче Петров

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре во одредени временски интервали без струја ќе останат дел од жителите во Драчево и Ѓорче Петров.

Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од улиците Иван Хаџиниколов (поранешна Ратко Митровиќ), Скендербег и Радое Дакиќ  во населбата Драчево, а од 9 до 15 часот дел од улиците Ибе Паликуќа, Кичевска и Зејнел Ајдини во општина Ѓорче Петров./МИА

Полицијата во Хонг Конг со солзавец ги растерува демонстрантите

Полицијата на денешните протесни користеше солзавец за да ги растера илјадниците антивладини демонстранти кои се собраа во Хонг Конг.

Пред да започнат демонстрациите, полицијата интервенирала кога митингот прераснал во импровизиран марш. Видено е како неколку полициски единици апсат демонстранти.

Организаторите на почетокот побарале дозвола за марш, но полицијата се согласила само на статичен митинг во паркот, велејќи дека изминатите маршови се  претвориле во насилство.

притисни ентер