Борисов се уште не се извинил за „северномакедонски претседател“

Во тек се консултации со кабинетот на премиерот, дополнително ќе известиме за деталите, велат од МНР по нотата што ја најави премиерот Заев како реакција на изјавата на Бојко Борисов во Сараево.

Одговарајки за Гоце Делчев во изјава за бугарските медиуми,  Борисов го нарече Пендаровски  северномакедонски претседател

Заев и Борисов минатата недела се сретнаа на самитот за западен Балкан во Познањ каде разговараа за договорот за добрососедство .Премиерот го поканил Борисов  на 1 август заеднички да  се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев во рамки на одбележувањето на двегодишнината од потпишувањето на договорот  со Бугарија.

Вчера Заев изјави дека Борисов во Сараево направил ненамерна грешка, но дека сепак неговата изјава е спротивна на договорот од Преспа, кој го гарантира македонскиот идентитет.

За нотата која ја најави Заев пишуваат и медиумите во Бугарија, но досега нема дообјаснување, реакција ниту пак извинување од Борисов, како што тоа бугарскиот премиер веќе го стори по кавгата со српскиот министер Ивица Дачиќ за недоразбирањата околу Косово кога побара и извинување но  ја замолил Брнабиќ да биде разбран правилно.

Сепак, Борисов на неговиот Фејсбук профил по средбата со Пендаровски во Сараево пишува дека разговарал со претседателот на Северна Македонија.

Во упатството кое пак го издаде МНР децидено се наведува дека според преспанскиот договор како придавка се користи македонски а никако северномакедонски кога се зборува за јазикот, нацијата, културата.

Ултиматум од Радев - Ако нема договор, ќе има екстремни мерки и нова позиција

Бугарскиот претседател Румен Радев од бугарските професори од мешовитата комисија за историја побарал гаранции дека до октомври ќе ги решат сите спорни прашања за историјата.

 И порача дека Македонија може да се надева на поддршка од Бугарија, но не по сметка на бугарските национални интереси. Во спротивно, бугарската влада според него треба да создаде нова национална позиција со јасни барања и критериуми кои би биле вклучени во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ.

-Ако вие почитувани господа можете да дадете гаранција дека во рамките на останатиот еден месец, вашата комисија ќе ги реши сите спорни прашања вклучително на настани, на личности, корекција на учебници,на натписи во музеи, натписи на споменици, на ставовите на јавните медиуми, тогаш бугарската влада ќе може да продолжи со политиката на поддршка на Република Северна Македонија во ЕУ. Ако  не можете да дадете такви гаранции, треба власта да направи екстремни мерки за изработка на нова национална позиција – изјави Радев.

Пораките на бугарскиот претседател доаѓаат во речиси исто време со изјавата на портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, кој кажа декаГрција нема да прифати да се одвојат Македонија и Алабнија и дека за нив двете држави се пакет..

Ваквата навидум принципиелна позиција, всушност крие опасност од прикриено вето, со оглед дека неколку европски престолнинии праќаат сигнали дека се подготвени да ја кренат рампата за Скопје, но не и за Тирана.

Силна поддршка во пресрет на одлуката на ЕУ за отворање на преговори, стига од Вашингтон.. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкна, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка вели дека очекува позитивен исход.

-Европската комисија предлагаше отпочнување на преговори за членство со Скопје во последниве девет или десет години по ред.На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција.Сметаме дека отпочнувањето на преговорите би било многу корисно.- Метју Палмер.

Европската агенда на земјава предвидено е да се најде идниот месец во Брисел, најпрво пред советот на министри на унијата на 15 октомври, а два дена подоцна и пред Европскиот совет, кој треба да ја потврди нивната одлука.

Средба на Димитров со претставници на Советот на амбасадори

На средбата биле разменети и ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја .

 Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со поранешните амбасадори Љупчо Арсовски, Мухамед Халили, Александра Накева-Ружин, Благородна Мингова и Агим Лека, кои го запознале со мисијата на Советот на амбасадори и неговите претстојни активности.

Димитров, како што информираат од неговиот кабинет, го поздравил формирањето на Советот и подготвеноста на поранешните амбасадори своето богато дипломатско искуство да го стават во функција на афирмација на Република Македонија и нејзината надворешна политика.

На средбата биле разменети и ставови во однос на актуелните состојби врзани за европската и евро-атлантската интеграција на нашата земја и воедно била договорена натамошна блиска соработка помеѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадорскиот совет. 

Средба Заев-Итала: Видлива е волјата и определбата за справување со финансиски злоупотреби

Интензивирањето на соработката меѓу Македонија и Европската канцеларија за борба против измамите (ОЛАФ), во пресрет на очекувањата за добивање датум и отпочнување на преговорите на држава со ЕУ.

Со што се отвораат поголеми можности за нашата земја до ИПА фондовите на ЕУ, било тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералниот директор на ОЛАФ, Виле Итала.

На средбата, како што соопшти владината Прес-служба, премиерот Заев бил придружуван од раководителот на Секторот за финансиска инспекција во јавниот сектор и координација на борбата против измама на ЕУ средства, Фатмир Адеми и главниот ревизор за ИПА во Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), Адем Цури, а Итала од претставници на Канцеларијата, како и од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

– На средбата е истакнато дека е видлива волјата и определбата на Владата на Република  Македонија и на нашата држава, за справување со ризиците за финансиски злоупотреби на европски ИПА средства или на пари на даночните обврзници во земјава, се вели во соопштението.

Соговорниците на средбата заеднички констатирале дека клучни во борбата против можните финансиски измами, покрај соодветната законска регулатива, се и соработката со ОЛАФ, транспарентноста на државните институции при користењето на средствата, како и довербата.

– И од значење за нашата држава е зајакнувањето на соработката со ОЛАФ, којашто ќе биде од голема помош посебно по октомври, кога очекуваме позитивна одлука од Советот на ЕУ за интеграцискиот процес. Сакаме да сме јасни во определбата, како држава и како Влада, за одговорно насочување и употребување на парите од достапните европските фондови. Нашата определба како Влада е да бидеме вистинска европска земја, со примена на сите европски вредности, меѓу коишто се и транспарентноста и зајакнувањето на капацитетите на институциите. Посебно сме фокусирани кон обезбедувањето функционален правосуден систем и не селективност пред правдата, без разлика дали станува збор за претходни криминални и корупциски случаи или можни актуелни случаи. Веќе има првични резултати од реформите во правосудството и ќе продолжиме да даваме аргументи пред државите на ЕУ и нивните граѓани, дека ја заслужуваме укажаната доверба, истакнал премиерот Заев.

На состанокот е разговарано и за поконкретни активности во меѓусебната соработка. Во таа насока е и Меѓународната конференција за единиците на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ, за координација на борбата против измама, што се одржува во Скопје, за којашто е дојдена и делегацијата на ОЛАФ предводена од генералниот директор Виле Итала, а на којашто присуствуваат и претставници од институциите во државава. 

притисни ентер