Стотици илјади од целиот свет со собраа на Прајдот во Лондон (ВИДЕО)

На парадата на гордоста денеска во центарот на Лондон продефилираа илјадници припадници на ЛГБТ заедницата од целиот свет.

На до сега најголемата Парада на гордоста се собраа припадниците на ЛГБТ заедницата од САД , Австралија и од повеќето европски земји.

Причината за масовноста е  одбележувањето на 50 . годишниот јубилеј од полициската рација во кафулето ,,Стоунвол Ин”.

По оваа рација во 1969 , почна т.н. ,,Стоунволска револуција” , која се смета за зачеток на современото ЛГБТ движење.

  

Премиерот Спасовски се сретна со новиот амбасадор на БиХ, Јаќимовиќ

Определени сме да продолжиме да ги унапредуваме добрите пријателски и партнерски односи помеѓу нашите две држави, како и за добра соработка со сите соседи и во регионални рамки. 

 Премиерот Оливер Спасовски денеска се сретна со Драган Јаќимовиќ, новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата држава. Како што соопшти владината прес-служба, амбасадорот Јаќимовиќ му го честитал на премиерот Спасовски стапувањето на должноста и изразил очекување за скорешно остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата држава, пат кон којшто е определена и Босна и Херцеговина.

На средбата бил пренесен интересот од граѓаните на Босна и Херцеговина и од тамошната економска заедница, за уште поголемо унапредување на воспоставената добра соработка помеѓу двете држави.

Двајцата соговорници заеднички констатирале дека постои значителен напредок во односите помеѓу двете земји изминатите две и пол години, во повеќе области од полза на граѓаните, како што е меѓусебното признавање на возачките дозволи, влегувањето во државите со лични карти, направените заложби во создавањето услови за подобра економска соработка.

Констатирано е дека двете земји немаат отворени билатерални прашања и дека тоа отвора широк простор за меѓусебна соработка.

-Определени сме да продолжиме да ги унапредуваме добрите пријателски и партнерски односи помеѓу нашите две држави, како и за добра соработка со сите соседи и во регионални рамки. Добро е што раководствата на државите во регионот се насочени повеќе од секогаш кон надминување на какви било отворени билатерални прашања и за гледање кон иднината. Пријателствата и зајакнувањето на економската соработка ќе овозможат во нашата заедничка голема цел, да ги мотивираме граѓаните на нашите држави и посебно младите луѓе, да останат да живеат и работат во своите родни земји. И Република Македонија ќе продолжи да придонесува во добрата регионална соработка и европските интеграции, нагласил Спасовски.

На состанокот станало збор и за можностите за поактивна соработката меѓу Македонија и Босна и Херцеговина во делот на поврзувањето на стопанските комори, во областа на земјоделството, за планираното воспоставување авиолинија што ќе ги олесни комуникациите меѓу двете земји и граѓаните, за поттикнувања на промоцијата и соработката во областа на туризмот и во сите други области од значење за квалитетот на живот на граѓаните. 

Нов парк во Стар Аеродром

Нов парк ќе биде изграден во Стар Аеродром што ќе се протега покрај улицата „Методија Шаторов-Шарло", соопшти Општина Аеродром.

Урбаниот парк ќе биде со површина од 3.200 метри квадратни и ќе понуди зелени површини, пешачки патеки со клупи, плато со маси и клупи, како и детско игралиште.

Градоначалникот Златко Марин во наредниот период планира изградба на повеќе урбани паркови на различни локации на ниво на целата територија, додаваат од Општината. 

УХМР го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас за „ Услуги за модификација на време со авионско засејување".

 Проценетата вредност на јавната набавка за услугата без ДДВ е 50.847.458 денари. За оваа намена преку Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се обезбедени 60 милиони денари со вклучен ДДВ. За реализација на услугата економскиот оператор треба да располага најмалку со два авиони кои треба да бидат двомоторни и да ги исполнуваат меѓународните стандарди за летање во специфични временски услови, да поседува соодветни дозволи и лиценци за ваков тип на услуги и други потребни услови согласно спецификацијата на јавната набавка.

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република  Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.

Се работи за нов систем за заштита од временски непогоди којшто предвидува контрола на климатските услови преку авионски начин на засејување на облаците, со којшто се постигнува поквалитетна и порационална заштита на земјоделските посеви од град.

Овој вид на заштита постигнува поголем квалитет во вештачкото влијание врз термо-динамичките процеси во атмосферата и директен увид во ефектите при самото испуштање на реагенсот во облаците. Оваа метода вклучува третирање, т.е. засејување на градонoсни облаци со реагенси, пред сè, сребрен јодид (AgJ) како најзастапен реагенс во светот. Засејувањето на облакoт е засновано на концептот на „корисна конкуренција". Како резултат на методата, зрната град што се формираат во рамките на засејаниот облачен волумен ќе бидат со помали димензии, поради прераспределбата на содржината на преладена облачна вода на повеќе ледени кристали кои настануваат како резултат на хетерогената нуклеација на реагенсот, и логично ќе предизвикаат помала штета ако доспеат да паднат на површината на земјата. Ако во регионот со вертикален развој на облакот се внесат доволен број ледени јадра (нуклеуси), тогаш

зрната град ќе бидат доволно мали, така да при паѓањето во топлиот сектор на облакот ќе се стопат пред да паднат на земјата. Процесот на засејување се изведува се додека не се намали кумулациската зона под критериумите за засејување или не ја напушти заштитуваната област.

Материјалот за засејување на градоносните облаци е сребро јодид (AgJ), кој се внесува во облакот во форма на вештачки кондензациски јадра од ледени кристали. Засејувањето со вештачки јадра на сребро јодид се извршува со специјално опремени авиони и процедури на засејување во зависност од метеоролошките услови. Техниката на засејување на врв на облак се одвива врз „feeder" ќелии и на ковективен едноќелиски развој. Засејувањето на фидерот се врши околу нивото на -10°С (секогаш помеѓу -8°C и -15°C) и кога е возможно на растојание помало од 300m од врвот на облакот.

Од сите досегашни анализи, авионското засејување на облаците наспроти останатите механизми, се има покажано како најефикасна превенција. Земјите од регионот како Грција, Бугарија и Словенија веќе го користат овој систем и имаат позитивни резултати. Овој начин е неколкукратно поекономичен од старите ракетни системи, најмногу поради фактот што преку авионското засејување, растворот кој делува превентивно на формирање на град се нанесува директно на критичната облачна маса, додека со ракетните системи функцијата се врши од копно и непрецизноста го прави неефикасен ракетниот систем.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство

притисни ентер