Синот на Шумахер тргна од 18. позиција и ги воодушеви гледачите

Мик Шумахер ја воодушеви публиката на трката на Формула 2 во Австрија.

Синот на легендарниот Мајкл Шумахер , кој во 2013 доживеа трагична несреќа , заврши на четвртото место , иако трката ја почна од 18. позиција.

По одличниот старт во спринт- трката во 28 кругови ги претекнуваше противниците во болидот на Prema Theodor Racing и стигна до најдобриот резултат во кариерата на Формула 2 натпреварите.

Минатата година младиот Шумахер ја освои шампионската титула на Европското првенство во Формула 3 , па од годинава се натпреварува во посилна конкуренција.

притисни ентер