НАСА го сними најголемиот огномет во галаксијата (ВИДЕО)

НАСА објави фотографии од неверојатен вселенски огномет , што трае 170 години.

Токму сега во вселената се случува огромниот огномет , а всушност се работи за умирањето на суперѕвездата Ета Карина. Тоа е двојна ѕвезда , односно две ѕвезди поврзани во еден гравитациски систем.

Вселенскиот телескоп Хабл сними фотографија од овој огномет , кој е ултравиолетов , додека оние со црвена, сина и бела боја се гасовите кои излегуваат од Ета Карина, оддалечена од Земјата 7 500 светлосни години.

Овој небески спектакл , што сега изгледа како две ѕвезди , претходно бил масивна ѕвезда со огромно тело кое тежело колку 150 наши Сонца.

Честитка до новиот цар на Јапонија од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство

Честитката се состои од пригодно писмо и примерок на слика од серијата „Цвеќе на мирот” на Поповски-Цветин. 

По повод устоличувањето на јапонскиот престол на Императорот Нарихито, членовите и едни од основачите на Македонско-Јапонското друштво на пријателство и соработка, поранешниот министер и амбасадор Мартин Треневски и уметникот и хуманист  Живко Поповски Цветин упатија честитка до новиот цар на Јапонија.

Честитката се состои од пригодно писмо и примерок на слика од серијата „Цвеќе на мирот” на Поповски-Цветин. Живко Поповски Цветин досега има подарено над 50.000 слики од серијалот „Цвеќе на мирот” на стотици државници и познати личности ширум светот (Перез Де Куељар, Бутрос Б. Гали, Кофи Анан, Џорџ Буш, Михаил Горбачов, Вили Брант, Сандро Пертини, Индира Ганди, Мајка Тереза и др.).

Императорот Нарухито го презеде јапонскиот царски престол по абдикацијата на неговиот татко, императоот Акихито, кој беше владетел на Јанпонија од 1989 година. Императорот Нарухито е 126 цар на Јапонија. Јапонската царска династија започна од шестиот век пред нашата ера и е најстара царска династија на планетава.

Јапонија е еден од најголемите донатори на Македонија. Со јапонска финансиска помош се опремени повеќе болници во нашата земја, а најголема помош е финансирање на системот  за водоснабдување „Злетовица”, како и во здравствениот и земјоделскиот сектор./МИА.

Првиот електричен Лексус пристигнува на 22. Ноември

Продукцискиот автомобил со електричен погон ќе дебитира во Кина, со оглед на тоа дека тој пазар е еден од најважните за Лексус.

Лексус својот прв сериски модел на струга ќе го претстави на 22 ноември во Кина. Иако овој јапонски премиум бренд до сега најмногу беше фокусиран на пазарот во САД, Кина овој пат доби предност кога станува збор за премиерата на електричниот автомобил, затоа што таа земја станува базар број 1 за се повеќе автомобилски компании.

Затоа електричниот Лексус наместо на саемот за автомобили во Лос Аннџелес, премиерата ќе ја направи во Кина.

Лексус како најава за премиерата објави фотографија на која не открива ништо за новиот модел, освен дека ќе има електричен погон. Прикажан е натписот „electric“, кој се наоѓа на истото место каде што кај хибридните Лексус модели пишува „hybrid“.

Фото: Српска пејачка ужива на плажа во Дубаи!!

Поранешната сопруга на популарниот пејач Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ ужива  во топлиот Дубаи.

Атрактивната Ана со неколку фотки на кои позира во бикини ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи и потврди дека Дубаи е нејзината омилена дестинација.

Во елитниот Дубаи  заедно со Ана е и нејзината ќерка Лорена.

Посебно внимание кај нејзините машки фанови привлекоа фотките на Инстаграм на кои Ана позира во портокалово минијатурно бикини кое ги истакнува нејзините бујни облини.

притисни ентер