Бектеши: Новата Стратегија за енергетика до 2040 се потпира на петте столба на Европската енергетска стратегија

Со новиот Закон за енеретика, поголемото искористување на обновливи извори на енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност ги поставивме како главни стратешки цели во енергетскиот сектор. 

Оваа година интензивно се работеше во подготовка на секундарното законодавство, а подготвен е и нов нацрт Закон за енергетска ефикасност, кој наскоро очекуваме да влезе во процедура за усвојување, а ќе понуди нови решенија со цел подобрување на бизнис климата од кој се очекува најголем интерес да има кај малите и средните претпријатија.

Ова го изјавил министерот за економија Крешник Бектеши на една од панел дискусиите на тема „Зајакнување на пазарот на енергија во транзиција" во рамки на Бизнис форумот со кој завршил првиот ден со економски предзнак од Самитот во Познан, Полска.

– До крајот на оваа година треба да ја донесеме и новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, која се потпира на петте столба на Европската енергетска стратегија (сигурност, солидарност и доверба, целосно интегриран енергетски пазар, климатска акција – декарбонизирање на економијата, истражување, иновации и конкурентност)", објаснил Бектеши.

Тој, како што информираат од Министерството, ги запознал присутните со првиот објавен јавен повик за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, за кој е предвидена изградба на фотонапонски електроцентрали на две локации, и тоа во Амзабегово (Свети Николе) со вкупна инсталирана моќност од 25MW и Македонски Брод со вкупна инсталирана моќност од 10MW.

Бектеши ја најавил можноста микро и малите претпријатија и домаќинствата да можат да инсталираат фотонапонски постројки на покрив за производство на електрична енергија која ќе ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија да го предадат на системот, што се отвори како можност со новиот Закон за енергетика, како и планираниот јавен повик за изградба на ветерни електрани со капацитет до 50 MW со користење на премија на локации за кои веќе е утврден потенцијал за производство на ветерна енергија, соопшто Министерството за економија.

– Новините согласно Законот за енергетика, според Бектеши, овозможија отворање на пазарот на електрична енергија, што има позитивни ефекти врз вработувањето, со оглед на фактот што бројот на компании кои поседуваат лиценца за снабдување и лиценца за трговија со електрична енергија во 2018 година е зголемен за повеќе од десет отсто, соопштуваат од Министерството.

Бектеши истакнал дека под покровителство на Енергетската заедница во Виена, започнат е проект за спојување на ден – однапред пазарите на електрична енергија меѓу Северна Македонија и Бугарија. Воедно, како што посочил, меѓу приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура на Владата е изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас.

Како што информираат од Министерството, директорот на Енергетската заедница, Јанез Копач, се осврнал на состојбите на енергетскиот сектор во регионот, кој е во процес на глобална трансформација. Развојот на поефикасни обновливи извори, растечката ликвидност на пазарот на природен гас и на интеграцијата на енергетскиот пазар во Европа бараат фундаментална промена на политиката. Според Копач, со растечкото темпо на економски раст на Западен Балкан, се зголемуваат побарувањата за енергија, а токму на овие предизвици треба да одговори регионот час поскоро.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер