Нови средства за изградба или реконструкција на рибници

До шести август годинава сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Како што соопшти Платежната агенција, за изградба на нови или реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови, финансиската поддршка изнесува 1.000.000 денари. Толкава е и максималната вредност на оние кои сакаат да градат или реконструираат мандри за традиционален лов на риба во Дојранско Езеро, додека до 1.500.000 денари е максималната сума за рехабилитација на риболовни води со доградба, надградба и опремување на постојните капацитети/мрестилишта за производство на репродуктивен и порибителен материјал.

Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување договор за кофинансирање со Агенцијата.

-Право на користење средства од Мерката 1 имаат општини за изградба на нови, реконструкција и адаптација на постоечки риболовни пунктови и регистрирани репроцентри за производство на репродуктивен и порибителен материјал, додека корисници на средства од Мерката 2 се субјекти регистрирани за дејност аквакултура кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура или поседуваат дозвола за користење вода за поставување кафези во зоните предвидени за аквакултура, соопшти директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски.

Преку Програмата, за нови капацитети за аквакултура, за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација, како и за нови капацитети за преработка на риби, набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување, на располагање се 15.000.000,00 денари. Максималната сума по корисник од оваа подточка во Мерката 2, е 7.000.000 денари.

-Корисници на средства наменети за проширување, реконструкција, адаптација и модернизација на постојните капацитети за аквакултура се субјекти регистрирани за дејност аквакултура, запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, корисници на средства наменети за изградба на нови капацитети за преработка на рибите се субјекти во рангот на микро, мали или средни претпријатија, регистрирани за дејност аквакултура и поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат преработувачки капацитети, корисници на средства наменети за набавка на опрема за доработка, преработка, складирање и пакување на рибите се субјекти кои се во рангот на микро, мали или средни претпријатија кои поседуваат или користат објект наменет за преработка на риби, информира Бабовски.

Според него, за Мерка 2.1, финансиката поддршка се исплаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина на 50 отсто од вредноста на одобрените/прифатливи трошоци за инвестиции.

Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се земе од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2019.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер