Фото: Адетокумбо најкорисен играч во НБА, Дончиќ најдобар дебитант

Доминација на европските кошаркари  сезонава во НБА лигата.

Кошаркарите од Европа доминираа на доделувањето на индивидуалните признанија во најсилното светско кошаркарско првенство, добивајќи три од наградите во пет категории.

Гркот од Милвоки Јанис Адетокумбо е прогласен за најкорисен кошаркар на сезоната, Јанис го доби МВП трофејот пред  големите НБА ѕвезди Џејмс Харден и Пол Џорџ .

Адетокумбо сезоната ја заврши со просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 5,9 асистенции, а неговиот Милвоки го водеше до првата позиција во регуларната сезона во НБА.

Словенечкото чудо на Далас , Лука Дончиќ заслужено го понесе признанието за руки на годината.

Титулата за најдобра дефанцизвец во лигата уште еднаш заврши во рацете на Французинот Руди Говер, центарот на Јута.

Неочекувано титулата за тренер на годината ја доби предводникот на Милвоки Мајк Баденхолцер, пред стратегот на шампионот Торонто.

Најдобар шести игра на сезоната во НБА е Лу Вилијамс.

Посебни признанија добија и светските легенди, големите ривали од теренот , ѕвездите на Лејкерс и Бостон, Меџик Џонсон односно Лери Бирд.

Селекторот на бугарската репрезентација си поднесе оставка

Тренерот Красимир Балаков поднесе оставка од местото селектор на фудбалската репрезентација на Бугарија.

Бугарија во понеделкикот во Софија изгуби од Англија со 0:6, во квалификациите за Европското првенство 2020 година.

Тој меч е во два наврати прекинуван заради тоа што домашните навивачи ги навредувале англиските фудбалери по расна основа.

„Не сум повеќе селектор на државниот тим. На наредниот селектор му посакувам среќа, моменталната ситуација не е ни малку розова“, рекол Балаков по состанокот во Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Турски аматерски фудбалски клуб платил играч со 10 килограми џем (ВИДЕО)

Еден од најневеројатниот трансфер во фудбалскиот свет се случи во Турција , кога Октан Каракан потпиша за аматерскиот клуб Аладаг Гучу , од каде му платија во натура.

Додека големите клубови издвојуваат стотици милиони евра за трансфери и плати на играчите, Аладаг реши да му плати на Каракан едногодишен договор со 10 килограми џем.

„Двете страни се задоволни од договорот. Клубот е во финансиски проблеми и се што можевме да направиме беше да му понудиме на играчот 10 килограми џем.

Каракан позираше со дресот на новиот клуб и на презентацијата имаше две големи тегли џем.

Веста ја објавија сите големи турски медиуми, а Каракан изјави дека е подготвен да го однесе Аладаг на повисок ранг и дека сакаат да постигнат одличен резултат во Купот.

Озил : Во германската репрезентација ме нарекуваа,,турска свињо"

Германецот со турско потекло , Месут Озил преживува чуден период во фудбалската кариера.

Не игра во Арсенал колку што би сакал , а самиот вели дека поради страшни навреди нема веќе да настапува за германската репрезентација.

Озил вели дека се нашол најпрвина на удар на германскитемедиуми , а потоа и на колегите од репрезентацијата по фотографијата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„После таа фотографија, се чувствував несигурно, добивав расистички навреди, дури и од политичари, и никој од националниот тим не излезе и не рече: 'Запрете ги! Тој е нашиот играч и вие не можете да се однесувате така со него!' Сите само молчеа.Од мене се очекуваше да се извинам за таа средба и да признаам дека не сум во право или повеќе да не сум добредојден во тимот. Никогаш нема да го сторам тоа.

Знаете, секогаш постоел расизам, а некои го користеле за да се ослободат. Исто како што имам право да се сликам со некого, така и секој има право некој да сака или не. Она што следуваше откри расизам. За жал, во Германија, расизмот веќе не е проблем на екстремната десница, тој е влезен подлабоко во општеството “, смета Озил во интервјуто за Атлетико, каде открива дека дури и соиграчите го нарекувале ,,турска свињо". 

притисни ентер