Маршалов фонд во САД: ЕУ треба да биде проактивна на Западниот Балкан за да одврати руско влијание

 ЕУ треба да биде проактивна во отворени прашања на Западниот Балкан и конкретно за проблемите меѓу Косово и Србија.

 Улогата на Западот во решавањето на прашањето со името меѓу  Македонија и Грција е позитивен пример за политичките напори на ЕУ, се наведува во препораките од Германскиот маршалов фонд во САД по направеното истражување под наслов „Заговорниците на рускиот наратив на Западниот Балкан", во кое се објаснува порастот на анти-западното и про-руското влијание од локалните, државни и невладини ресурси, што ги промовираат руските интереси во регионот.

– САД и ЕУ треба да бидат поприсутни во разни регионални инцијативи и политички гледишта ако сакаат да ги претстават интересите на Западниот Балкан и да ја спречат руската амбиција за ширење на влијанието, стои во препораките, пренесува Гласот на Америка.

Во истражувањето акцентот е ставен врз три неодамнешни политички случувања и тоа промената на името во Северна Македонија, последната фаза од предизвиците меѓу Србија и Косово и изборите во Босна и Херцеговина.

– Генералното разочарување од Западот е клучно за поголем успех на наративот за ширењето на руското влијание, се наведува во извештајот на Анасиа Методиева.

Западниот Балкан, се посочува, е еден од многуте арени на конфронтација меѓу Русија и Западот. Две компоненти се важни за оваа геополитичка битка во регионот – генералната разочараност од политиката на Западот и православните/ортодоксни врски со Русија. Во истражувањето се споменува и евро-атлантскиот скептицизам и сеќавањето за воените операции на НАТО во 1990-те. Гледиштата за членството во ЕУ се дијаметрално спротивни – со поддршка од огромно мнозинство во Албанија, Косово и Северна Македонија, па се до незаинтересираноста во Србија.

Според аналитичарот Иван Крастев, европската интеграција ја губи моќта за привлечност на Западниот Балкан.

– Поентирајќи на картата на анти-западно расположение, Русија ја турка алтернативната идеја за Ортодоксно братство, што е евтин потег за поголемо влијание врз локалното население, вели Крастев.

Руското економско влијание врз Западниот Балкан е во пораст, особено во енергетскиот сектор. Газпром, пренесува Гласот на Америка, веќе доминира на локалните пазари во Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија со потпишување долгогодишни договори за испорака на руски гас.

Во анализата од Германскиот Маршалов план во САД, се вели дека на Западниот Балкан е или стреми кон НАТО. Во февруари, Северна Македонија потпиша договор за членство, Црна Гора влезе во 2017-ма, а Хрватска и Албанија веќе се членки на НАТО. Србија ги продлабочи врските со Алијансата изминатите години иако меѓу Србите е свежо сеќавањето за бомбардирање од НАТО во 1990-те.

Рускиот наратив ги поткопува можностите на регионот, во време кога ги користи политичките грешки на Западот.

– Русија отворено е против на влезот на Северна Македонија во НАТО, игра на картата на „Големиот брат" за Република Српска и реагира како заштитник на Србија во време кога бара да се наметне во улога на медијатор за косовското прашање. Руските платеници во регионот, придонесуваат за неколку стратешки цели на Кремљ на Западниот Балкан – дека со политичка криза ширум регионот се забавува севкупната евроатланска интеграција, се посочува меѓу другото во анализата.

Во заклучокот се наведува дека и новинарите на Западниот Балкан треба да ја кренат свеста за напорите на руските платеници кои сакаат да влијаат со манипулирање во медиумите.

– Новинарите треба да ги поддржат локалните и меѓународни креирачи на мислењето во обидите да ги детектираат и отстранат лажните вести при промовирање на новинарските стандарди, базирани врз факти, се вели во аанализата на Германскиот Маршалов фонд во САД.

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер